Здраво Трендо,
Го видов линкот за неверојатната “кула” од 7 метри што ќе го прочисти воздухот во Центар до 70%. Бидејќи информацијата беше контрадикторна со мојата логика која ја сметам за здраворазумна, решив малку да истражувам на темата. За волја на вистината и на англиски ја викаат кула, ама друг е проблемот. Ова се резултатите од моето едночасовно истражување:
“Кулата” од 7 метри е првенствено уметничкa инсталација а нејзиното влијание (ако воопшто го има) е во радиус од 5 до 10 метри околу кулата. Според независни тестови ефектот е минимален и не се чуствува на повеќе од 5 метри оддалеченост од кулата (извор1), а според истражување на професор од Eindhoven University of Technology таа оддалеченост е до десет метри од кулата (извор2).
Но тоа не е сè.
На последниот линк има и приказ на ефектот во однос на оддалеченоста од кулата, во идеални услови кога воопшто нема ветер. Според истражувањето, 70% прочистување има само на оддалеченост од еден метар од кулата. Така да тврдењето на градоначалникот дека воздухот ќе се прочисти за неверојатни 70-75% е точно само за тој еден метар околу кулата, а не за површината од општина Центар. Со други зборови, бенефитите од прочистувањето на воздухот до 70% граѓаните може да ги почувствуваат ако стојат на еден метар од кулата цело време.
Се надевам дека оваа мерка не била одбрана од тим на експерти, бидејќи на ова не веруваат ни децата во Кина извор3. На кратко, тоа што градоначалникот планира да постави една “кула” за две години од сега, ништо за никого нема да промени за две години од сега.
Поздрав,
Ј.J.