Предупредувачки писма на читатели

Се јавив на сите Владини и НВО институции, по мејл, по телефон е џабе, никој не одговори, ама баш никој. Решив да ти пишам, онаа клупата на Водно се направи. Ова сигурно нема да се поправи, но можеби ќе спасиме некое дете кое дошло со родителите на викенд на Марков манастир, да се избања.

Т.

Ова е Маркова река, 4/5 км, од Марков манастир. Оваа вода стигнува таму за 2/3 дена. Јас сум на оваа река од 1976 година и имам некои снимки пред 2017 година, кога почнаа да се градат овие хидроцентрали, четири на потегот од Марков манастир до под с. Елово, тоа е околу 4/5км нагоре по река. За жал сега тоа е поток, а негде е ставена во цевки.

Но, ова што во моментов е најважно!

Во дигестивниот тракт (погледни ги стомаците со милиони муви) на овците хабитираат екстремно патогени бактерии со висока стапка на морталитет и морбидитет.

Од родот Клостридиум (две од тој род продуцираат еден од најсилните отрови воошто познати), Салмонела, особено ШИГА серотипот, кој е смртоносен, Кампилобактер, и други).

Се јавив на сите Владини и НВО институции, по мејл, по телефон е џабе, никој не одговори, ама баш никој. Решив да ти пишам, онаа клупата на Водно се направи. Ова сигурно нема да се поправи, но можеби ќе спасиме некое дете кое дошло со родителите на викенд на Марков манастир, да се избања.

Па ти види. 
Поздрав,
Д. 

******
Види и:
Клупата на Водно веќе не е тажна

19 јуни 2026 - 13:20