Писма на непосетени читатели

Уште првиот ден бевме посетени од првиот секретар на бугарската амбасада во Словенија, госпоѓа Маријана Чавракова, која е задолжена трговско економски врски. На мое лично изненадување, госпоѓата ја посетила нашата веб страница и се информирала за нашата фирма и и беше јасно дека ние сме всушност фирма од Македонија.

Здраво Трендо

Оваа година по прв пат решивме да земеме учество на саемот на Техника во Целје, Словенија, кој се одржа од 8 до 11 април. Овој саем се одржува на секои две години и е одлична можност за претставување на нашата фирма на словенечкиот а и соседните пазари на ЕУ, затоа што овде доаѓаат посетители и од соседна Хрватска, Австрија и Унгарија.

Бидејќи сме застапници на фирма од Европска Унија, за да можеме да ги продаваме нејзините производи во земји на Европската унија без никакви царински трошоци, моравме да регистрираме фирма во Европската унија. Ние регистриравме фирма во Бугарија, затоа што таму за разлика од другите држави во ЕУ, може да се регистира фирма со 0 вработени а и трошоците за водење на фирмата се најмали во споредба со другите држави од ЕУ.

Иако на службениците од саемот им беше јасно кажано дека ние сме македонска фирма а тоа е и наведено на нашата веб страница, само затоа што трошоците за изнајмување беа платени преку бугарската фирма, во каталогот од саемот нè внеле како бугарска фирма. Моравме неколку пати да реагираме и вториот ден од јарболот на сајмиштето беше извадено бугарското и поставено македонското знаме.

Уште првиот ден бевме посетени од првиот секретар на бугарската амбасада во Словенија, госпоѓа Маријана Чавракова, која е задолжена трговско економски врски. На мое лично изненадување, госпоѓата ја посетила нашата веб страница и се информирала за нашата фирма и и беше јасно дека ние сме всушност фирма од Македонија. Имавме многу пријатен разговор со госпоѓата во кој и ја објаснив причината зошто админстрацијата на саемот не внеле како бугарска фирма. Жената ми даде своја визит карта и ми рече, независно што сме ние македонска фирма, формално ние во Словенија сме бугарска фирма и затоа доколку имаме некаква потреба слободно можеме да ја контактираме.

Ние од 2019 секоја година сме излагачи и на Саемот на Техника во Белград и тоа како фирма од Македонија. Иако и таму, како и во Целје, луѓе на дипломатските претставништва доѓаат на отворањето на саемот, ниеднаш не сме биле посетени ни од чистачката а не пак од првиот секретар на амбасадата во Белград.

Најверојатно јадењето и пиењето ги спречува претставниците на амбасадата на Северна да ги посетат фирмите кои со свои средства дошле да се представат на саемот со цел да остварат заработка од која и тие ја земаат својата плата. Толку од празните зборови на владата за поддршка на домашните фирми за зголемување на извозот.

Дарко

19 април 2025 - 07:53