Здраво,
Како новопечен гастербајтер од пред три години во Германија, ми затреба услугата на конзулатот во Бон. Ја проверив адресата на Мапс, и нормално, на официјалната страна на МНР.
Чудно, двете адреси беа различни, и си викам, сигурно адресата на МНР е точна, Гугл не е апдејтиран .
Стигам - 330 км вожња.
Нит македонско знаме нит ништо, прашувам, и еден тип ми вика:
„Види на врата ви залепивме точна адреса, не си ниту прв ниту последен! Две години е вака па самите одлучивме да ви ставиме ливче. Си требало на Мапс да веруваш, таму е точно!“
Културно реков фала, се извинив и си влегов у кола. Ја најдов другата канцеларија, си завршив работа, ги прашав, колку време сте преселени тука, две години, вика типот!
Две години нема промена на веб страната за адреса…. Сигурно не е приоритет, сигурно има поважни работи…
Зоран
**********
* Генерален конзул во Германија е Реџеп Демири