Писма на читатели

Уредничка забелешка: Писмово можеме да го насловиме и како "Писмо на пријателки (роднини, вотевер), кои сакат да и учинат на една млада девојка која пее, па маскирани во објективни посматрачи ни пратиле писмо со бомбастичен наслов Македонската естрада ЗАНЕМЕ на концертот во Струмица!!!". Ако бе луѓе, фин гест е тоа, да напраиме ќеиф (а и малата ич не пее лошо). Во продолжение писмото и причината за "занемувањето" и "шокот" во Струмица:

Македонската естрада „занеме" на концертот во Струмица!

Би сакала да споделам со Вас еден интересен настан кој се случи во Струмица викендов. Како ваш верен посетител верувам дека ќе го препознаете талентот што сакам да го прикажете.

Уште од старт ќе речам дека мојата цел со која Ви ја пишувам сета вест е промоција на извонредниот млад и надежен вокал - АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА. Ќе оставам Вашата редакција да утврди дали навистина заслужува девојчето да го добие своето медиумско место на Вашиот сајт. :) Едно е јасно, Струмица остана занемена по нејзиниот настап!

Навистина без пардон и без влакна на јазикот треба да и се каже на оваа естрада дека нешто е труло. Доказ за ова е и настанот што се случи во понеделникот. Следува текстот кој го подготвив за Вас, ако Ви се допадне објавете:

Изненадување (шок) за македонската естрада на концертот во Струмица!

Како и минатата година, традиционално, младите во Струмица од Младинскиот совет организираа хуманитарен концерт. Целта беше единствена, да се забавуваме и заедно да помогнеме да се соберат средства за градење на третиот по големина храм во Европа - Успение на Пресвета Богородица.

Се пееше, се играше, скоро четири часа, се чувствуваше вистинска атмосфера на празникот. Ова беше "Велик" ден, голем ден на хуманоста. Големи ѕвезди на македонската естрада дојдоа во Струмица - градот на хуманоста, пееја на големата прекрасна сцена, монтирана од "DVD5" од Скопје.
Каролина Гочева, Виктор Апостоловски, Влатко Лозаноски, Дани, Скипи и Тајзи, Бени со НОН-СТОП, Влатко Илиевски, Браво Бенд, Милан Калиниќ, Тони Зен, "Јупитер", Македонските идоли, Дејан и Коста беа ѕвездите кои го покажаа своето хумано срце.

Најголемото изненадување на вечерта пристигна токму од Струмица кога дојде на ред настапот на 16-годишната Александра Јанева. Единствениот настап кој беше најгромогласно поддржан од трибините што не беше случај со бројните ѕвезди што продефелираа на сцената. Според посетителите на концертот Александра ги „сруши" сите наши ѕвезди кои моментално постојат на естрадата.

Горгиева

 

19 април 2012 - 08:56