Процедурата, која важеше до 2025та беше релативно едноставна и разбирлива: одиш на суд, судот ти пресудува, добиваш судска пресуда, после одредено време добиваш и известување од МВР, одиш во МВР и веднаш ти е активирана забраната. Со тоа ако имаш 3 месеци забрана, точно 3 месеци нема да имаш право да возиш.
Сега, со новиот "модерен" закон, се случува следното:
- одиш на суд, судот ти пресудува, добиваш судска пресуда;
- не добиваш никакво известување од МВР ниту од судот од кога таа пресуда е активна во системот на МВР за да би преземал нешто;
- Ако отидеш своеволно во МВР a оваа пресуда не е процесирана, џабе си отишол, те враќаат со образложение дека сèуште не тие "активна" забраната'
- во некое магично време таа забрана станува "активна", но не и активирана. Ако те сопре полиција од овој момент понатаму ризикуваш казна, одземање на возило и слично. Напоменувам дека немаш активирана забрана, односно ако ти било пресудено 3 месеци, тие 3 месеци сè уште не почнале да течат;
- се распрашуваш насекаде, добиваш најразлични одговори, за да бидеш мирен, одиш во МВР (за Скопје тоа е во МТВ нели), таму те информираат дека треба да пополниш и потпишеш изјава и тоа е тоа, потоа треба да добиеш СМС со информација дека таа забрана ти е активирана и датумот до кој не смееш да возиш;
- тука станува уште поинтересно, СМС-от не стигнува истиот ден, не стигнува ни по 10 дена (еве 2 недели веќе како го чекам), ти си ни ваму ни таму, затоа што не смееш ниту да возиш ниту ти тече онаа забрана која си ја добил;
- сумирано, наместо да "одлежиш" 3 месеци, ќе бидат 4, можеби и повеќе;
Ви благодарам на вниманието,
Аце Скопје
ЕДИТ: Во меѓувреме, стигна најава од МВР за законски измени: се воспоставува дигитален систем на известување преку две текстуални пораки (SMS) и електронска пошта (e-mail).
Види овде