Макпетролски писма на читатели

Јас живеам овде рурално веќе 8 години, и редовна станцица пред дома ми беше Макпетрол. Но овие 2-3-4 години приметив нагло, ама баш нагло покачување на цените кај нив. Мислам имаше некој во менаџментот на Макпетрол „Миле ми текна“ момент, како ќе ја искористат приликата да ги кренат цените в плафон и да се „одвојат“ од обичните маркети/бакалници, дека тие се, знајш „необични“ и кај нив треба да се работите драстично поскапи.

Здраво друже,
се надевам во добро те наоѓам и добро ми си.

Чисто онака еден мал шок да споделам...

Види ја сликата: 500 гр. наполитанки 455 ден. на бензинска Макпетрол Битола. Значи за 100 гр. ај да речиме ~90 денари, еј бре наполитанки, али пази те молам, овие се посебни со 35% чоколадо, па ај рачунај сега, горе-долу х3, и ти иди 270 ден. за 100 гр. чоколадо во овие наполитанки. Да Краш се, ама не се златни, а и ги има по маркетите за околу 350 ден, кај појке кај помалку. Значи во Макпетрол ~30% поскапи, можи по амбалажата одеа со цената :)..

Ова ти го пишувам во контекст на ова што се случува со цените кај нас, јас ја викам само-индуцирана-простачка инфлација, кај што секој ги крева цените, ама ако го/ги прашаат зошто, не знаат зошто :).

Имено ако нешто се кренало кај нив во синџирот за 1-2 денари, тие ја користат приликата крајните цени да ги зголемат пример за 4.... Ова ми е само хипотеза од обсервација и чувство, ама зборувајки со луѓе од индустријата, уште од короната наваму, има вистина... Пример, вака беше со пелетите за греење кога преку ноќ станаа 500 ден./вреќа (од 200-220 ден. пример). И на долги стази шупаците дилери на пелети гадно се зезнаа оти многу луѓе се свичнаја на други методи на греење и сега не користат пелети. И затоа е таа третата придавка/дескрипција погоре „простачка“, во само-индуцирана инфлација.

Но, да се вратам на ова со Макпетрол, што е ниво погоре, 31-ви левел на Марио што го викам јас. И Макпетрол според мене е еден од најголемите експлоататори на оваа „криза“ и од А.Д. од народот и за народот, (кое наводно заедно со Телма беа заштитници на слободниот говор пред некоја година), испаднаа најголемите капиталисти, што ги вика братот Крис Хеџис, и парафразираам: Unfettered capitalist exploitation until exhaustion or depletion!

Не знам оти ама некако никој не ги прозива Макпетрол и орландата што ја прават со цените во нивните маркети, и некако поминуваат цело време под радарот. 

Имено јас живеам во рурална средина, и најблиску (на 9.5км) ми е бензинска на Макпетрол, да купи човек вода, сок, грицки, благо за децата, а често и кафе, дури намирници како сапун и за јадење кога е зорт. А ова не е само за мене, него и стотици граѓани од мојот регион, а се сомневам истото важи и за стотици илјади наши сограѓани низ цела држава на кои Макпетрол исто како и на нас им е животна линија и често единствена. Ова исто така се амплифицира кога ќе сфати човек дека во многу села и рурални средини се затворија малите бакалници затоа што големите синџири им го зедоа пазарот и ги приморија да затворат. И сакал или неќел, најчесто ќе ти останат браќата од А.Д. Макпетрол, ама еве ги брате Макпетрол да го пополнат вакумот исто толку да им го шмукнат џебот на кутриот богат народ.

Ова не беше стално вака. Јас живеам овде рурално веќе 8 години, и редовна станцица пред дома ми беше Макпетрол. Но овие 2-3-4 години приметив нагло, ама баш нагло покачување на цените кај нив. Мислам имаше некој во менаџментот на Макпетрол „Миле ми текна“ момент, како ќе ја искористат приликата да ги кренат цените в плафон и да се „одвојат“ од обичните маркети/бакалници, дека тие се знајш „необични“ и кај ни треба да се работите драстично поскапи. Имаше денови, се сеќавам (како и на многу места), абе од ден за ден ги менуваа цените, едно пишува на етикетите, друго е на каса, и вработените не можеа да стигнат да ги сменат етикетите по сталажите. Небаре ќе осиромашеа. Неколку пати дури и си отворивме дискусија со вработените (оти со сите се знаеме на „нашата бензинска“ и сите се без исклучок супер прекрасни луѓе) дека и ним им е непријатно со ова што се случува.

Ај ќе речиш, разбирам, некој процент поскапо, бензинска е, демек трета смена и сл. ама 30% да ми наплаќаш повеќе за наполитанки од било каде на друго место е чисто крадење, нема логика, нема бизнис основа, нема ништо повеќе од онаа придавката „простачка“ или како што се вика во пракса "cornering the market", оти многу добро знаат дека луѓето немаат избор и порано или подоцна ќе купат од таму. А верувај не се за жалење, пари прават увелико како фирма "hand over fist" што се вели. И по моја обсервација, немам видено продукт што не е барам 20% поскап на Макпетрол отколку било каде на друго место! Често работите се поскапи за 30%-40%-50% некои дури и 100%! Немам докази при рака, не сум имал можност да сликам и да водам евиденција, но сум сигурен дека сум ги сретнал вакви продукти повеќе пати во неверување и си викам, „еј овие полудеа ствано“. Кој бил во Макпетол по чоколадо или сл, знае, а не дај Боже со децата да влезиш и да си ги земат редовните работи како од маркетите, минумим 500 ден. од старт во дупка ќе те пикнат, за споредба, од маркет 100 метри подолу. Еве предизвикувам некој новинар или активист, нека оди нека направи една компарација на било кои продукти, од било кои чоколада, до кафе од 100-200гр, или дури и шише сок или вода, да најде продукт што не е мин 20% поскап во Макпетрол.

Не сме ние не знам која држава со не знам каква конкуренција на пазар и тие да си ги вадат очите и да има реална компетиција. Ние сме државичка, со многу малку намачен и исцеден народ, и кога овие „либералните“ А.Д. капиталисти ќе се договорат (а и не мора), со овие другите како Лук Оил за цените и политиката на бизнис во бензинските, тогаш сите ние сме супер заебани, и ќе треба сите да одиме Црна Река Петрол кај Росоман (алал да им е на овие последните патем).

Чувај ми се пријателе,
Драган

4 март 2025 - 21:10