Порано се знаеше. Панкерите се на коцка, металците се пред црква и едино Крисот се снебиваше измеѓу со тоа точачето смешно. Сега више све е у курац отидено. Панкот ене го труе на липцано, заклан у она сокачено у Маџир маало, а металска коса више не расте у овој град. Стигнаа у мода некои брадати мужиња, што не можеш да ги продиференцираш од прва дал се млади војводи, членови на УМС, или се едноставно неодговорни мрзелани што ги мрзи да се бричат, т.з. хипстерај. Чак ни Крисот више не остана ист, ене го гледам на некое моторче се снебива сега. А јебеш ти град без андерграунд, без тие што се последната линија на отпорот против сељачизмот, популизмот, кичерајот, политиките на куропушење и самонагузуење. Кога нема што да ти го прошара градското сивило и зачадениот смрад, кога ти фали таа долна црна линија, ондак сфаќаш и како све се дешава и се наметнува без толку неаргументиран а неопходен отпор.
А отпорот е суштественост во обликување на текот на работите. Отпорот е тоа што ги враќа срањата назад и таму од кај што дошле. Отпорот е светиот дел од Омовата равенка што го диктира интензитетот на струјата (срањата) што ќе протече у едно општество и колку толку ќе го доведе смрадот у некоја доза на подносливо постоење. Познати се луцидните поети од времето на Бодлер, што имале муда, а богами и бешика, да на сред милозвучна и улизувачка поезија се качат на маса и демонстративно изуринираат на напишаното „дело" на авторот, доделувајки му ја вредноста што истиот ја заслужува. Исто така се познати и Сицилијанските анархисти кои во краткото време кога дошле на власт предизвикале Сицилијанската мафија да се самораспушти и со тоа задале некаков удар на една култура на насилие и митаџиство. Подоцна панкот се пројавува во тазе индустријализираната Европа како еден бунт, едно движење, револт кон градското сивило и магловитиот кошмар. Кога некои луѓе сфатиле дека тие „модерни" текови го оддалечуваат поштениот човек од природата и хармонијата на соживот со другите прекрасни живи суштества на оваа планета.
Еве ќе елаборирам со најспецифичен пример. Прошетајте се низ градскиот центар, ама онака навечер. Кога е нормално да биде темно и да се гледаат ѕвездите. Кога е нормално да се види дека и таму горе има нешто, дека има и други можни светови и.. дека сонот и маштата на едно свесно битие може да бидат неограничени. Али наместо тоа овоземски срања блештат на сите страни. Нема Ти што да машташ и нема Ти што да мислиш. Све ти е веќе осветлено и тука, пред тебе, на допирлив дохват. Патот е трасиран со светлите бели коцкави плочки и толку силно дречи да и во ноќта више не е ноќ. Пошто ноќта е темна, а темното е лошо. Темното може да зароди тајни, може да доведе до уринација во тајност. А тоа за овој град и те како не е пожелно. Пошто све мора да биде кристално светло и јасно и да се гледа и знае од километар. Пошто секое отстапување од однапред утврдениот правец на делување ќе биде поклопен, со бетонска плоча. Наводно.
Понекад така ќе се сретнеш преку тој блескавиот плоштад со некој поет, жустро упутен кон чаршија, кон својата доза на ликвидно просветлување. Онака немо ќе се погледнете со неизбежното „остај брат, ќути". И гледаш поттрчнува со убрзан корак да помине преку мостот, не гледајки ни лево ни десно. Пошто слободата е од другата страна, бар уште малку, додека не го кренат и оноа бетонско здание у најава, и го осветлат и тој дел од смрадов со еднородната посветеност на долгата рака.
И така, се движиш по цел еден град. Бараш и прозиваш луѓе. Прозиваш мисли, идеи, совест, свест, вијуги, неурони. Такви што опстојале на патот на отпорот. Што ќе го синтетизираат во себе азотното сивило. Што ќе прортат ркулци на просветлување. Што оздола ќе ја помочаат бетонската плоча. Ќе ја направат коризивна и испукана. Ќе ја еродираат одвнатре и ќе проникнат со својот смел и зелен страк. Ќе се пројават од горната страна како нешто сосема неочекувано. Ќе подигнат прст нагоре кон тоа заслепувачко белило. Оној средниот.
Daniel A.