Интернетот е болен. Го зафати епидемија на псеудо наука. Анти ГМО, анти вакцини, анти нуклеарки, денација на глобално затоплување, анти наука. Патернот на ваквите е секогаш ист. Немаат појма од темите кои ги истражуваат и мислат дека не е потребно да ги знаат својствата на некој биолошки или физички систем за кој се заинтересирале. Концептуално не им е позната науката, научните факти за нив се мислења кои можат да ги одберат врз основ на тоа дали им се свиѓаат. Селективно им веруваат на изворите, зависно колку се блиски со владите или индустријата. И академските извори се судат на истиот начин. Ако им веруваат тогаш тоа е врежано во камен и се држат кон тоа како аргумент од авторитет. Ако не, тогаш тоа очигледно е дел од поглем план за уништување на човештвото. Овие луѓе не мислат. Процесот е анатема, исто како што религиозните фанатици не размислуваат. За мислењето е потребен сомнеж, а они не сакаат да се сомневаат. За да се сомневаат треба да работат за да разберат што се случува околу нив и многу е полесно да ги купат туѓите мислења на големо. Но кога ќе се решат да го направат тоа знаат дека може да ја одберат погрешната страна, па ја одбираат таа што најмалку ќе ги придвижи во непознатото. Кога основата на вакво нешто е глупост тогаш нема поента од дебатирање со нив.
Анти ГМО манијата е во многу работи слична со Анти вакцинирачите. Двете групи ја фетишизираат натуралистичката заблуда, попозната како верување дека ако нешто е „природно" тогаш тоа мора да е добро. Во случајот на вакцините имуниот одговор е „неприроден" и поради тоа е штетен, иако механизмите според кои имуниот систем реагира на вакцините се истите кои се активираат на „природните" антигени. Тоа е и идеата, да се стимулира имуниот систем да мисли дека си ја имал болеста со што ќе се обезбеди долгорочен имунитет на вистинската болест. За ГМО е исто. ГМО е „неприродно", па мора да е лошо. Тоа не значи дека нема да имаме проблеми со ГМО организмите, но апокалиптичниот јазик со кој се служат анти ГМО активистите е претерување без научна основа. Не е ни за чудење што анти вакцинирачите се и анти ГМО најчесто. Органското (анти ГМО) движење е отфрлувачко. Не прифаќа модерни технологии у принцип. Како Амишите кои ја замрзнале технологијата во 1850, овие ја замрзнале во 1950-та, од истите причини.
Да им дозволиме на анти ГМО активистите учество во градењето на законите е нерационално. Тоа е исто ко да поставиме хоемопати за лекари или да им побараме на анти вакцинирачите да ја истребат детската парализа.
Анти ГМО кампањата има предизвикано смрт. Владата на Замбија не дозволила на гланиот народ да јаде ГМО пченка во 2002 кога имало глад. Иљадници умреле затоа што претседателот верувал во лагите дека пченката е отровна.
Златниот ориз, генетички модифициран да содржи бета каротин, со што ќе се намали дефицитот на витамин А кој убива стотици иљади деца низ светот и уште толку ослепува, ќе спаси 1,5 милиони животи годишно. Гринпис кој се бори против ова, што ги прави убијци.
Ако некој навистина верува дека биотехнологијата отпорна на хербициди е конспирација на Монсанто со која ќе обезбеди контрола на храната во светот, тогаш не е логично да се противи на open source имплементациите на биотехнологијата кои немаат врска со Монсанто. Тоа е еквивалент на тоа дека ако го мразиш Мајкрософт си против целиот софтвер.
Во време кога температурите растат, нивото на CO2 во атмосферата ги надминува критичните граници, не ни останува многу простор за маневар ако сакаме да оставиме нешто на идните генерации. Ако сакаме да го задржиме биодиверзитетот тогаш треба да ги зачуваме прашумите и другите чиствителни зони. Органската агрономија нема да ни помогне тука затоа што е помалку ефикасна што значи поголеми површини за одгледување на истата и повеќе исечени шуми. Може да биде и смртоносна:
http://en.wikipedia.org/wiki/2011_Germany_E._coli_O104:H4_outbreak
Сегашната агрономија има огромни еколошки недостатоци, од кој најголем е употребата на вештачки ѓубрива кои ги уништуваат живите организми во реките и океаните. Од друга страна е многу ефикасна. Ако приносите по хектар се исти како тие во 1960-та тогаш ќе ни требаат уште 3 миљарди хектари за истата количина на храна, што во површина доаѓа како две јужни Америки. Не смееме да си дозволиме да романтизираме со полн стомак за неефикасните органски методи за прозводство, и вака ја силуваме планетата превише. Треба да научиме да правиме повеќе од помалку. До средината на векот на земјата ќе има 9 милијарди луѓе кои треба да се прехранат. 900 милиони луѓе вечерва ќе си легнат гладни.
Со употреба на ГМО ќе се намали употребата на пестициди, а со овозможување на растенијата да го земаат азотот директно од воздухот ќе се намали и употребата на вештачки ѓубрива.
Во Кина со употребата на BT памук драматично се подобрил биодиверзитетот, за разлика од употребата на инсектициди со широк спектар кои ги убиваат и паразитите и нивните грабвливци. За 60% се намалила употребата на пестициди.
ГМО-то не е само храната што ја јадеме. Ќе има свињи кои ќе имаат органи кои ќе може да се вградат во луѓе без употреба на имуно супресанти. Ќе примаме вакцини преку храна. Ќе ги направиме комарците да не пренесуваат маларија. Ќе имаме генеска терапија за борба против рак. Ќе разградуваме пластика. Ќе вратиме истребени видови на животни од луѓето. Во малку по SF варијантата ќе ни расте телешко на дрво, а убивањето на животни ќе биде сличен престап како убиство на човек.
Во Македонија со ГМО ќе можеме да исправиме некои грешки, како да ги спасиме питомите костени и брестовите од истребување кое се случува поради тоа што луѓето донеле паразити од Азија. Ќе можеме да посадиме дрва на топлите голини кои самите ќе се размножуваат со што долгорочно ќе имаме помалку CO2, помалку ерозија и попријатна клима. Ќе имаме поефтина и поздрава храна. Ќе сечеме помалку шуми, ќе употребуваме помалку пестициди и вештачки ѓубрива. Нема да има потреба да ставаме забрани за увоз на пченка, ќе извезуваме храна пошто за разлика од сега ќе сме поефикасни.
Заблуда 1:
Безбедноста на ГМО е недоволно оценета.
Европската комисија пред неколку години година објави извештај со наслов "Една деценија финансирани од ЕУ ГМО истражување 2001-2010 ".
Во овој извештај се наодите од повеќе од 300.000.000 € потрошени на истражување во следниве области:
Влијанија врз животната средина на ГМО
ГМО и безбедноста на храната
Проценка на ризикот и управување
Заклучок:
"Главниот заклучок кој произлегува од напорите на повеќе од 130 научно-истражувачки проекти, покрива период од над 25 години на истражување, и биле вклучени повеќе од 500 независни истражувачки групи, е дека биотехнологијата, а особено ГМО, не се сами по себе повеќе ризични отколку, на пример, конвенционално одгледување."
Во САД во период од 10 години користење на ГМО, 200 милиони луѓе по еден оброк неделно, 100 милијарди порции, без научно докажани негативни ефекти. Повеќе рак има во Данска каде што не се јаде ГМО одколку во САД.
Заблуда 2:
ГМ посевите наштетат на животната средина во нови, уникатни начини во споредба со традиционалните интензивна земјоделство.
Не само што се ГМ посевите со помала веројатност да бидат еколошки инвазивни од не-домородни видови, тие се веќе предмет на поголема еко проценка на сигурноста од другите земјоделски технологии.
Заблуда 3:
Процесот ГМ уникатно произведува непредвиден промени во генетскиот состав на растенијата.
Сега ајде да разгледаме што се случи во одгледувањето на комерцијална пченка на почетокот во 1930-тите. Одгледувачите ја открија хибридната хетероза, и се почна со случајна хибридизација на различни видови пченка, создавање на илјадници нови организми, од кои секој е всушност повеќе генетски различен од колу што е различен геномот меѓу човек и шимпанзо! Ние никогаш не сме ја сметале хибридна пченка како ништо особено страшно, но тоа јасно содржи далеку повеќе непознати генетски разлики отколку растенија кои произлегуваат од процесот на ГМ.
Заблуда 4:
ГМ посевите се уникатно предмет на патентна заштита.
Ако не ви се допаѓа како големите компании добиваат патенти, што е секако морална позиција, ве молам да не тврдите дека тоа е некако вина на ГМ посевите.
Сите видови на технологии во земјоделското производство се патентирани: опрема, хемикалии, специфични намени за хемикалии, и се разбира, семиња и растителни сорти.
Европската патентна конвенција во моментов вели дека нови патенти не се дозволени на растителните сорти, без оглед на тоа дали тие се ГМ.
Заблуда 5:
Со блокирање на ГМ посевите, ние им наштетуваме само на мултинационалните компании кои сега ги продаваат.
Оваа систематска кампања на страв од технологија, за возврат предизвика владите да бараат постојано посложени тестирања, кои за возврат незапирливо ги зголемуваат трошоците и времето потребно за процесот на регулирање.
Парадоксален исход е дека сега само мултинационални компании имаат ресурси да одат низ лавиринтите на регулаторните одобренија. Секој обид да се донесе корисна ГМ технологија за помали култури и за земјите во развој од страна на било која друга страна освен мултинационална е ефикасно затворена.
Заклучок:
ГМ се научно поле кое многу ветува и ги молам противниците на технологијата - најдете си друго поле за поплаки против индустиското производство на храна, и оставете ги ГМ на раат.
За публиката која издржа да го дочита ова до крај, да прашам: колку долго сте спремни да стоите на страна додека кога вашата слобода на избор се одзема од едно гласно малцинство?
Гоце Николов,
другар