Ви пишувам со голема загриженост, предизвикана од неодамнешната најава дека од 01.10.2013 Македонија ќе почне да одгледува ГМО на своја почва. Дали е тоа вистина? Се надевам дека тоа се дезинформации, затоа што таква одлука би имала катастрофални последици за здравјето на народ, и за квалитетот на нашата почва. Зборот 'катастрофални' не може доволно да го опише моментот на уништување, како последица на одгледувањето и консумирањето на ГМО .
Јас не сум доктор по медицина, но сум упатен во проблематика наречена ГМО. Доволно е неколку часа да се пребарува на google со терминот 'Evil Monsanto', 'GMO food dangers', за да сфатиме што е ГМО. Ова се основни факти за ГМО:
-Еднаш ако се засади ГМО семе, нема враќање назад. Таа почва е загадена за век, и на неа не може да расти природно семе.
-ГМО семето се купува секоја година, затоа што растението не е плодно. На овој начин, земјите што одгледуваат ГМО не само што не може да се вратат на старите земјоделски култури што ги одгледувале претходните години, туку се обврзани секоја година да купуваат ГМО семе. Тоа е монопол, и контрола на семињата. Една компанија ќе одлучува што ќе јаде еден народ, а ќе го јаде она што тие го зготвиле во нивните лаборатории.
-ГМО храната е небезбедна и штетна по здравјето. За ова постојат илјадници статии, побарајте со термините 'GMO cancer', за да видите дека има огромен број на случаеви на рак кои се директни поврзани со консумирање на ГМО. Еве еден пример, зрното пченка од Монсанто е пестицид. Пестицидот е вклучен во ДНК-та на пченката која е добиена со генетско вкрстување на пченка и бактерија, така што инсектите кои што ја напаѓаат пченката умираат од самото зрно. Што станува понатаму со тоа зрно пченка? Го даваме на добитокот. Добитокот јаде пестицид, не плод прскан со пестицид, туку пестицид. Може да се видат мутациите на животните после консумирање на ГМО (google: GMO mutations). Препорачувам да ги погледнете, затоа што ние треба да го консумираме тој добиток.
-Eфектите од консумирање се непознати, но последиците се болести за кои нема лек. Најчесто РАК (google: GMO cancer)
-Алергиите се уште една болест на новото време. ГМО предизвикува алергија (google: GMO allergy)
-Македонија НЕМА ПОТРЕБА ОД ГМО. Имаме плодни почви и одличен квалитет на нашите производи. Нема ниту една причина да го смениме начинот на кој живееме за полош и понеквалитетен. Зошто природната, вкусна и евтина храна, да ја замениме со вештачка и канцерогена?
- Доколку станеме ГМО земја, ги помагаме само компаниите како Монсанто, а го убиваме нашиот народ, и ги загадуваме нашите почви.
- ГМО нè засега сите. Целата нација, сите ќе ги консумираме штетните производи на дневна база. Бегање нема.
-Монсанто е најозлогласената компанија во светот. Да не дозволиме да влезе во Македонија. Не само Монсанто, да ставиме забрана на сите ГМО производи!
-Дали би му дале отров на вашето дете? А дали би сакале да му давате отров секој ден?! Тоа свесно и одговорно ќе го правите доколку ГМО стапи во сила од 01.10.2013.
ГМО е најголемата закана по човештвото, и мора да реагираме сега, пред првите семиња да фатат корен во нашата плодна земја. Се работи за нас, за секој од нас, за секој член од твојата фамилија, а имам впечаток дека никој не е свесен дека проблемов воопшто постои. Опозицијата протестира за 3 исечени стебла, а народот гледа индиски серии, додека полека но сигурно на масата му се сервира ГМО. Пред нас е најстрашната закана по нашите животи! Активирајте се и вие, пред да биде доцна. Почнете така што ќе се информирате за ГМО, почнете од оваа страница:
http://www.fakulteti.mk/news/13-05-15/gmo_-_shto_e_genetski_modificiran…
Потоа потпишете ја оваа петиција:
https://secure.avaaz.org/en/petition/Stop_za_GMO_vo_Makedonija/?tgzPvfb
Па потоа направете нешто што е во вашиот домен на одговорноста, доколку имате влијание врз некои институции искористете го. Потоа кажете му на вашите пријатели, тие нека кажат на нивните пријатели. Пишете му на вашиот министер, тој е одговорен за нашата безбедност и нашето здравје. Најважно е сите да дознаат за опасноста наречена ГМО, бидејќи никој не е информиран, населението не знае што се случува, не знае што е ГМО, не знае кои се опасностите од ГМО, ниту пак знае дека ќе станеме ГМО земја. Откако ќе се информира народот, тогаш ќе ставиме една (за)брана, за овој отров никогаш да не влезе во Македонија!
Костадинов Игор,
Граѓанин на Р. Македонија.