Во НБА оние високите ќе се фатат и ќе се тегнат по паркет ко балдски за бидермајер и никому ништо. Во хокеарската НХЛ лига е нешто подруго. Така на мечот меѓу Њујорк Ренџерс и Филаделфија се дочепаа младиот 21-годишен Мет Ремпи (203 см висок, 109 кг тежок) и ветеранот Никола Деслоа (33 години, 185 сантиметри висок, 100 кг тежок). Коментаторите кои со години пренесуваат хокеј во преносот велат дека вакво нешто не виделе баш баш одамна.