Жил Бјанки не ја доби најважната битка

Францускиот пилот Жил Бјанки почина во Ница, девет месеци по тешкиот судир во Формула 1.

25 годишниот Бјанки настрада на патеката Сузука во Јапонија, на трката за Големата награда на 5. октомври 2014. година. Французинот на трката во Јапонија излета од патеката и удри во кран, а поради тешки повреди на главата 9 месеци лешеже во кома во Ница.

Жил Бјанки својата прилика да вози во Ф1 ја доби во тимот на Форс Индија и тоа како трет возач, а својот дебитантски настап во најдобриот шампионат ја имаше во 2013. година на патеката Маруси. Веќе следната година, Бјанки во Монако му го донесе првиот историски бод на тимот, откако заврши како деветти.

„Сакаме да му се заблагодариме на медицинскиот тим, кој неуморно се грижеше за него со љубов и посветеност. Му се заблагодаруваме и на персоналот во болницата во градот Миу во Јапонија, кој се грижеше за Жил веднаш по тешката незгода, како и на сите лекари кои водеа грижа за неговото здравје“, стои во соопштението на семејството на Жил Бјанки, родителите Филип и Кристина, братот Том и сестрата Меланија.

Семејството Бјанки веќе загуби еден член од семејството кој возел во Формула 1.Чичко му на Жил Бјанки, Лусиен бил еден од најдобрите пилоти во Ф1 во 50-те и 60-те години од минатиот век и еден од најдобрите пилоти на академијата на Ферари. Лусиен загинал во 1969 година за време на тренинг на патеката во Ле Ман. Бил и шампион на францускиот Рено, како и првак во европската Формула 3.

 

Снимка од инцидентот.

18 јули 2015 - 10:43