Роналдо и Меси се бркаат со платите, Пари ужива да се чатали со пари, а Леброн Џејмс на Роналдињо му прати часовник од 60.000 фунти. Во ништо од ова не се пронаоѓа американскиот бејзбол играч Даниел Норис.
На драфтот во МЛБ лигата пред четири години тој стана игра на Торонто и само за потписот на неговите 21 година зема 2 милиони долари. Норис не си купи јахта, ниту скапа кола, туку живеалиште на четири тркала од 10.000 долари.
Се работи за комби Фолксваген кој е произведен во 1978 година.
„За мене е како јинг и јанг. Не сакам да го менувам затоа што луѓето мислат дека сум чуден. Единствениот начин со кој ќе успеам да се направам среќен е да си направам балансиран живот. Да продолжам да се однесувам како јас. Можеби не е вообичаено, но за да се чувствувам добро морам да имам и некоја авантура во животот“ вели Норис.
ЕСПН во едно интервју го нарекува “најинтересниот човек од светот на бејзболот“ и воопшто не греши. Норис нема куќна помошничка, затоа што нема ниту куќа и сам си готви.
Кога завршува сезоната тој патува со истото комби. Алкохол нема пробано, девојката ја остави затоа што сака сам да патува, не гледа телевизија, а паралелно со бејзбол кариерата, студира фотографија.
Кога за потписот ги добил двата милиона заминал со другарите на шопинг. Тие купиле лап топови, скапи телефони, накит, модерна техника, а Норис си заминал дома само со една маица која ја купил на распродажба за 14 долари.
Кога на први му стигнува платата, вади само 800 долари, бидејќи само толку му требале за да го истурка месецот. Колку и да ни изгледа чудно ова што го прави момчево на 25 години со милиони во банка, тој е убеден дека така треба.
„Мене ми е ова единствениот начин кој има смисла“, вели Норис.