По смртта на Жил Бјанки и Џастин Вилсон кои загинаа минатата година, имаше притисок во автомобилистичките спортови да се обезбеди повисоко ниво на безбедност. Затворената кабина која минатиот месец ја тестираше Ферари се појави како добар избор.
Претседателот на ФИА, Жан Тод изјави дека постои голема веројатност затворената пилотска кабина да биде инсталирана на сите Формула 1 болиди во 2017 година, но не се сите воодушевени поради тоа како на пример Луис Хамилтон.
„Ако се воведе како опција да не биде задолжителна тогаш тоа нема да го има во мојот болид. Тоа е најлошата новина во историјата на Формула 1“, изјави Хамилтон.
Себастијан Фетел смета дека затворената кабина е грда и дека ја попречува видливоста, но според него Бјанки и Хенри Сартес кој загина во Формула 2 во 2009 година сè уште ќе беа живи доколку постоеше овој новитет. Таткото на Бјанки не се согласува и вели дека кабината немаше да го спаси неговиот син.
Кими Раиконен не даде многу објаснувања и откако ја тестираше рече дека е ок, како сакате.
Потребата за зголемување на безбедноста е несомнена, а спроведување кое се најавува за следната година ќе биде голем предизвик. Кабината треба да се усоврши, дизајнот да биде договорен од сите инволвирани страни во следните неколку месеци, а болидите ќе треба да претрпат измени.
Предлог дизајнот на Мерцедес