Со одлична тактика, Хамилтон успеа со помош на својот, но и на тимот на Ред Бул да триумфира пред Даниел Рикардо. На тој начин Хамилтон го намали заостатокот зад тимскиот колега Нико Розберг од 43 на 26 бодови.
Успехот на Хамилтон е поголем ако се знае дека до победата стигна од третата позиција со заостанување од десет секунди зад Рикардо.
Шампионот од стартот вршеше притисок над Розберг кого го престигна во 16. круг по необична асистенција на тимот. Хамилтон од круг во круг ја намалуваше предноста на Рикардо кој може да се каже дека не заврши прв поради неговиот тим.
Во 32. круг отиде на замена на гумите кои не беа спремни во тој момент и Хамилтон тоа го искористи и до крајот на трката ја задржи сигурно првата позиција. На третото место на победничкиот подиум се качи Серхио Перес од Форс Индија.
Четврт заврши Германецот Себастијан Фетел кој со меките гуми не успеа до крај да им парира на водечките пилоти. За него завршија Фернандо Алонсо од Мекларен и Нико Розберг. Поради судар, трката порано ја завршија Кими Раиконен, Макс Ферстапен, Данил Квјат и Долјон Палмер.
Следната трка во сезоната се вози на 12. јуни за Големата Награда на Канада во Монтреал.
Генерален пласман:
Нико Розберг (Мерцедес) 106
Луис Хамилтон (Мерцедес) 82
Даниел Рикардо (Ред Бул) 66
Кими Раиконен (Ферари) 61
Себастијан Фетел (Ферари) 60