Нико Розберг стигна до втора победа оваа сезона, вкупно 16-та во кариерата по предноста која ја држеше во текот на целата трка со исклучок на периодот кога го вршеше последното менување на гумите.
На втората позиција со заостанување од 7 секунди заврши Кими Раиконен од Ферари, а трет во Бахреин беше бранителот на титулата Луис Хамилтон.
Лош ден на денешната трка имаше Себастијан Фетел кој ја заврши трката пред таа да почне, откако се соочи со проблеми на моторот во кругот за загревање.
На четвртата позиција заврши Даниел Рикијардо од Ред Бул, петти беше Роман Грожан од Хас, а до поени стигнаа и Макс Ферстапен (Торо Росо), Данил Квјат (Ред Бул), Фелиме Маса (Вилијамс), Ботас (Вилијамс) и Белгиецот Штофел Фандорне кој вози во Мекларен како замена за Фернандо Алонсо.
Германецот сега има максимални 50 поени во генералниот пласман и одличен старт на сезоната во која ќе се обиде по две години да го симне својот колега од тронот.