Ѓоковиќ лесно го суреди Надал со 2:0, но ќе беше уште полесно ако го немаше оној пад при водство од 4:0 во вториот сет. Ако треба да го избереме најатрактивниот поен кој му го зема на човекот кој царува на земјината подлога на Роланд Гарос со 14 трофеи, тогаш тоа е ова безобразно враќање, за кое и од противникот доби аплаузи.