Само во првите два дена на игрите во Токио, Кина освои шест златни медали. Два од нив се на Ли Фабин кој го сруши олимпискиот рекорд во кревање тегови, во категоријата до 61 килограм.
Тој победи во две дисциплини, во првата крена 172 кг, а во втората 313 кг.
28 годишниот натпреварувач од Кина во ваков тип на спорт успеа да ја насмее публиката откако загуби рамнотежа и ја крена едната нога во воздух.
Сјајниот кревач на тегови всушност користел таканаречен „фламинго“ стил, со цел да ја поправи својата рамнотежа и да обезбеди победа.
„Тоа беше моментална грешка. За малку ќе ја загубев рамнотежата, но работев на ова сценарио на тренинг. Свесен сум дека е забавно, но советувам да не се пробува бидејќи носи сериозен ризик од повреда. Имам многу силно јадро и навистина работев напорно на тој потег“, изјави Ли кој го направил истото на Азиското првенство во 2017-та.