Изненадувањето на игрите во Атланта 1996 со Мухамед Али
Тоа се Олимписките игри кои Македонија ќе ги памети по деби учеството како независна држава, а светот по појавувањето на една од најславните спортски фигури на 20-ти век. Се тресеше поради Паркинсовата болест која му беше дијагностицирана во 84-та, три години во пензионирање, но сепак го запали оганот и го збогати спектаклот.