Фетел за прва победа на Ферари после две години

Новиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Малезија и ја запиша 40. победа во Ф1 кариерата. Хамилтон лут на тимот поради грешната тактика во финишот.

Пред почетокот на трката во Малезија, температурата на патеката беше 64 степени, а се измери и голема влажност на воздухот. Во такви услови, Хамилтон одлично стартуваше и ги затвори Розберг, Рикардо, Маса, Квјат и Ферстапен.

На средината од трката, во Мерцедес го очекуваа Хамилтон во боксот да ги смени пневматиците, по него влезе и Розберг, по што Фетел го превзема водството.
 
До крајот тимот на Мерцедес се обиде тактички да го притисне Себастијан Фетел, но Германецот не дозволи никакво изненадување и до крајот го задржа водството. Денешниот триумф во Малезија беше прв за Ферари после цели две години, што значи и одлична најава за сезоната. Пријатно изненадување е и седмото место на 17-годишниот Макс Ферстапен, кој одлично возеше и на отворањето и денес во Малезија.

 
Ф1 шампионатот продолжува на 12. април со трката за ГН на Шангај во Кина.
 
Пласман на трката за ГН на Малезија:
 

1. Себастијан Фетел (Ферари)

2. Луис Хамилтон (Мерцедес)

3. Нико Розберг (Мерцедес)

4. Кими Раиконен (Ферари)

5. Валтери Ботас (Вилијамс)

6. Фелипе Маса (Вилијамс)

7. Карлос Саинц (Торо росо)

8. Макс Верстапен (Торо росо)

9. Данил Квијат (Ред бул)

10. Дани Рикардо (Ред бул)

29 март 2015 - 11:05