Дионтеј Вајлдер го потврди статусот еден од најмоќни нокаутери во историјата на боксот. Некое време стоеше раме до раме, а сега ги надмина Роки Марчиано, Виталиј Кличко, Џорџ Форман и Мајк Тајсон.
Неколку минути пред мечот со Луис Ортиз, Вајлдер изгледаше флегматично и бавно влезе во рингот. Таков беше и по почетниот гонг: во првите неколку рунди воопшто не боксуваше и целта му беше да избегне отворена размена на удари.
Уште еднаш се потврди дека Вајлдер на бодови ретко кого може да добие, но исто така ретко кој може да издржи 12 рунди со него без неколку нокдауни. Овој меч беше без многу интензитет иако Колумбиецот покажа супер техника.
Ортиз уште пред мечот најави дека дека е спремен да се прослави. Тргна отворено, уверено ги доби првите шест рунди и тогаш се постави прашањето дали е се во ред со Вајлдер?
Како што обично бидува, Дионтеј го чекаше правиот момент.
„Кога боксерите се спремаат за борба со мене, се спремаат за 12 рунди. Мене ми е доволно да се спремам за две секунди“.
И после мноштво примени удари, ги дочека тие две идеални секунди:
Holyyy👀👀 pic.twitter.com/EZo9RM1BpM
— Bradley Martyn (@BradleyMartyn) November 24, 2019
ВАЈЛДЕР РУШИ РЕКОРДИ НА ЛЕГЕНДИТЕ НА БОКСОТ, СЛЕДЕН МЕЧ МУ Е РЕВАНШ ПРОТИВ ФЈУРИ
Деонтеј уште еднаш го потврди статусот на најнезгоден панчер. Има 42 победи а 41 пат неговите противници не го дочекале финалниот гонг. По процентот на нокаути Вајлдер е прв пред сите боксери во тешка категорија. Ги надмина Кличко, Марчиано, Џорџ Форман, Мајк Тајсон.
Следен меч му е против Тајсон Фјури. Нивниот прв дуел заврши нерешено и постави многу отворени прашања. „Циганскиот крал“ како што го викаат Тајсон Фјури е единствениот боксер кој може да остане на нозе по силните громови на Деонтеј.
„Фјури е следен. После сакам да ги обединам титулите со победникот од мечот Енди Руиз - Ентони Џошуа. Спремни сме за Тајсон. Се надевам дека и тој е спремен за мене“, рече Вајлдер после мечот.
Битката Фјури - Вајлдер е закажана за 22 февруари во Лас Вегас. Овој дуел е најочекуван боксерски меч за следната година.