Британскиот боксер славеше пред преполн „Вембли“ и во негова сопственост останаа појасите во WBA, IBF, WBO и IBO верзиите.
За разлика од претходната борба, Џошуа овојпат бавно влезе во мечот и му требаше подолго време да го пронајде правиот ритам. Поветкин тоа го искористи и на почетокот беше подобар боксер во рингот.
Најдобриот светски боксер во тешка категорија забрза во седмата рунда и со две силни крошеа, прво лево па потоа и десно го кутна Поветкин на подот.
Судијата очекувано ја прекина борбата и ја крена раката на Џошуа во знак на прогласување на победникот. Ова беше прв пораз во кариерата на Поветкин со нокаут. Британецот од друга страна остана непоразен во својата професионална кариера.
Битката на „Вембли“ ја следеа 80.000 луѓе каде Џошуа во април 2017 го победи Владимир Кличко со што стави крај на кариерата Украинецот.