Џејк Пол пукаше од емоции за златниот медал на вереницата

Најдобрата холандска лизгачка, Јута Лердам имаше фантастично издание на Зимските олимписки игри откако беше најбрза на 1.000 метри.

Foto: EPA

27 годишната Јута Лердам, инаку позната и како девојка, а од скоро и вереница на славниот јутјубер и боксер Џејк Пол, го освои златниот медал во брзо лизгање на 1.000 метри.

Трката ја доби со време од 1:12.31, со што постави и нов олимписки рекорд.

Лердам е седумратна светска шампионка, но златниот медал на игрите во Милано и Кортина го освои со многу емоции, бидејќи и е прв во кариерата.

Џејк Пол тек да го видите. Плачеше како мало дете од радост. 

10 февруари 2026 - 10:04