Младиот тенисер Аму во разговор за “Евроспорт“ после поразот во 1. коло на Ролан Гарос од Пабло Куевас 0:3 (3-6, 2-6, 4-6) неколку пати се обиде да ја бакне новинарката Мали Томас. Управата на еден од најголемите турнири во историјата на тенисот и најелитен турнир го оценила неговиот потег како непримерен, му ја одзела акредитацијата и го оддалечила од турнирот.
„Тоа негово однесување беше примитивно и за жал ги рефлектира односите меѓу мажот и жената кои постојат во секојдневниот живот. Да не бевме во пренос, ќе го удрев“, изјавила новинарката Томас.
Вчера и друг Французинот, Лорен Локоли одбил после поразот во 1. коло да се ракува со Словакот Мартин Клижан кој победил 3:2 во сетови (7:6, 6:3, 4:6, 0:6, 6:4).
„Два сета ми глумеше дека го боли ногата, а сега оддеднаш се растрча како зајак во петтиот сет“, рекол Локоли во паузата меѓу гемовите.
Французинот во петтиот сет направил двојна сервис грешка, а Словакот тогаш се радувал на глас поради то Локоли одбил да му пружи рака на крајот и го турнал.
A little before the "handshake" this is how Klizan celebreated Lokoli's df on 2-4 15-40 5th set pic.twitter.com/RBiyf7wEHF
— Stefano Berlincioni (@Carretero77) May 30, 2017
One of the great non-handshakes between Klizan and Lokoli 😂 #RG17 pic.twitter.com/nihRTAGjEF
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 30, 2017