Токму оваа селекција на Фарски Острови која доаѓа од земја со 50.000 жители е најинтересна затоа што ретко се појавува на спортската мапа. Фарски Острови се автономна покраина во составот на кралството Данска.
И покрај тоа, имаат тројца квалитетни ракометари, 21-годишниот среден бек Елиас Елефсен кој од сезонава игра за германскиот гигант Кил. Елефсен има 29 настапи во Лига на шампиони и Бундеслига и забележал дури 83 гола и 49 асистенции.
Покрај него тука е и 21-годишниот Хакун Вест Тејгум кој игра десно крило за Фухсе Берлин и младиот 18-годшен Оли Митун кој игра за шведски Савехоф и кој бил дел од кадетската репрезентација која ги совладала Франција и Норвешка.
Покај нив интересно во составот игра и брат му на Елефсен Рои Елефсен и брат му на Оли Митун, Паули Митун. Во група на Европско ќе бидат со Норвешка, Словенија и Полска, но никој не ги потценува затоа што се права непознаница.