
ЕХФ ќе ја тестира новата технологија за разрешување на спорните моменти при постигнување на головите на фајналфор турнирот од Купот на ЕХФ кој ќе се одигра на 18 и 19 мај во францускиот град Нант.
Системот функционира со една камера која е поставена на пречката која ќе дава слика на гол-линијата. По барање на судиите, при спорни ситуации тие можат да ја прегледаат видео снимката преку која ќе утврдат дали топката ја минала гол-линијата.
Овој систем веќе се покажал како успешен на неколку ракометни натпревари одиграни во Франција, како и на финалниот натпревар од женскиот куп.