Стеинс им ја сокри топката на Хрватите и постигна гол за реми

И покрај тоа што беше натпревар само за престиж и подобар пласман, Хрватска и Холандија одиграа возбудлив и неизвесен натпревар на ЕП. Хрватите ја имаа победата во раце, ама тоа задоволство им го скрати итриот Лук Стеинс ги извади од патики Хрватите и постигна мајсторски гол за конечни 28:28. Хрватска завршува како осма на ова Европско, а Холандија 10-та.

27 јануари 2022 - 09:49