Македонија имаше фантастичен старт и за шест минути игра го торпедираше противникот со 4:0. Исланѓаните намалија на 4:2 и се трудеа да се вратат резултатски, но Лазаров со двата голови во низа не одржа во преднност која во 17 минута изнесуваше 7:4.
Концентрацијата на нашите ракометари драстично падна, особено во играта од одбраната, а Исланд тоа го искористи на најдобар можен начин и одговори со серија од 4:0 која ја направи за само нешто повеќе од 3 минути.
По пресвртот на резултатот избраниците на Ивица Обрван почнаа да прават многу грешки во нападот каде промашуваа зицери, а Исланд тоа го искористи и ја зголеми предноста на +3 со која и замина на паузата со резултат 14:11.
Македонија имаше одличен старт и во вториот дел и ја искористи предноста од играч повеќе со брз гол. Ракометарите на Исланд погрешија во следните два напади, а Стоилов и Миркуловски го измрамнија резултатот.
Натпреварот во следните минути беше неизвесен со тесна разлика од еден до два гола разлика која беше во корист на Исланд. Борко Ристовски се разбрани, но нападот не функционираше, со исклучок на седмерците на Манасков кој ги погоди сите четири во вториот дел.
Македонија беше немоќна да го сврти мечот во своја полза а Исланѓаните во 50 минута го направија највисокото водство од +4. Нашите ракометари намалија на 2 гола негатива, а по престапот на Георгиевски кој не успеа да намали на -1, тоа го стори од контра Миркуловски.
Исланд се врати на 2 гола предност, а потоа за наша среќа промаши пенал, но во завршните 2 минути Миркуловски доби исклучување и Македонија немаше сили да се врати. На минута до крајот поентираше Лазаров, но Исланд возврати со гол за триумф од 29:27.
Нашиот капитен беше најефикасен со 7 гола, а по 5 постигнаа Георгиевски и Манасков. Последниот меч од групната фаза го играме во среда против светскиот шампион Шпанија, а пласманот помеѓу најдобрите 8 екипи веќе е загубен.