Вечерашниот дуел против Данска, нè врати на еден страшен меч кој Македонија го пружи против големиот фаворит Данска, во втората групна фаза на Европското во Србија. 45 минути доминиравме против Данците. Тоа беше војна меѓу најдобриот лев и најдобриот десен бек во светот. Индивидуално Кире ја доби со 13:12, но финишот им припадна на нив. Ова е дечки драма и пол која се гледа до крај.