Каква легенда е Данецот Лидндберг, даде 10 гола, па застани да брани зицери

40-годишниот Ханс Линдберг е жива легенда на данскиот и воопшто европскиот ракомет. Линдберг со својата репрезентација освои злато на Европските првенства 2008 и 2012, а сега веќе неколку години игра за германски Фухсе Берлин.

На меч од Европската лига против швајцарскиот Винтертур синоќа Линдберг даде 10 гола, беше најефикасен, а на крајот застана на голот да брани зошто немаа резервен голман да го смени повредениот Дејан Милосављев. Им фати и зицер со два играчи помалку.

 

9 февруари 2022 - 11:09