За ЕХФ неделата селекторот повика 4 ракометари од Вардар, 11 членови на Металург и 4 интернационалци.
Од интернационалците повикани се Борко Ристовски, Кирил Лазаров, Влатко Митков и левиот бек Дарко Димитриевски кој неодамна потпиша во АСОБАЛ лигата.
Од редовите на Вардар се повикани Петар Ангелов, Филип Лазаров, Немања Прибак и Столе Стоилов.
Од составот на Металург, на листата на Обрван се Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиески, Златко Мојсовски, Никола Марковски, Ванчо Димовски, Дејан Пецаковски, Аце Јоновски, Велко Марковски и Филип Миркуловски.