Деби на Цветан Кузманоски на Европско првенство како од соништата

И покрај поразот од силната Словенија на стартот на Европското првенство, Македонија доби неколку играчи пред кои стои блескава иднина во репрезентативниот дрес. Еден од нив со сигурност е ракометарот на Еурофарм Пелистер 2.

Роден на 5 декември 1999-та година во Струга, Цветан Кузманоски се воздигна највисоко во нашиот состав и неочекувано беше најдобар поединец кај црвено-жолтите.

23-годишното лево крило, кој по сјајните две сезони во РК Струга каде беше најдобар стрелец и заработи добар трансфер во Еурофарм Пелистер (во сезоната 2018/2019 левото крило постигна дури 87 гола во најдобрата Суперлига, а мошне ефикасен беше и сè до прекинот на сезоната 2019/2020), на мечот со Словенија забележа осум прекрасни голови и беше најефикасен стрелец на мечот.

Кузманоски беше дел од репрезентацијата и на Светското првенство во Египет минатата година, но овојпат доби поголема шанса од селекторот Лазаров и ја искористи на најдобар можен начин. Сјајниот Цветан во последен момент влета во авионот за Мундијалот во Египет 2021 откако Бојан Маџовски поради повреда на прстот на подготвителниот меч тогаш со Чиле отпадна од составот.

Сега, заедно со неговиот презимењак Филип, со Филип Талески и Мартин Томовски до крај ја држеа во неизвесност силната Словенија и покажаа дека се зрели да го понесат големиот товар кој го носи црвено-жолтиот дрес. Честитки Цветан.

(видео Горан Упале/GOL.MK)

14 јануари 2022 - 14:49