Навивачи

Кој ве врти што се Кралеви, нема спиење вечер

Ајакс вечерва го пречекува Реал Мадрид во осминафиналето од ЛШ. Пред хотелот на eвропскиот првак го имаше оној стандарден обид за рушење на сонот на играчите, дело се разбира на навивачите на Ајакс. Ќе видиме вечер дали ќе им влијае ова на Модриќ и компанија. Среќна нова година Кралеви, Бадник, Божиќ и Коледе.

Матадорското „олè“ на ултрасите на ПСЖ на „Олд Трафорд“

И покрај најавите дека Јунајтед ќе ја продолжи победничката серија по доаѓањето на Солскјер на клупата, на ПСЖ не му фалеа многу Кавани и Нејмар за да издоминира во Манчестер. А богами издоминираа и нивните ултраси кои дојдоа преку 4.000 во Англија и непрестано грмеа.

Погребна пародија на стадионот на Алавес, погребан фудбалот

Виторија-Гастеиц е голем град во автономната покраина Баскија. Таму игра Алавес, клуб кој е многу сакан од локалното население кое се противи на понеделничкиот термин за фудбал.

Сте виделе кореографија со диносаурус како јаде гомно?

Можеби има некоја симболика во ова и е дел од некакво реметење, ама бидејќи се спремаме да доручкуваме, не мора да знаеме детали. Ова го прават навивачите на Динамо Дрезден на меч против Хамбург. Жглап, право во уста.

Навивачот на Марсеј кој има искршено 26 телевизори

Има една тешка дилајла по име Мохамед Хени кој многу скапо го изразува револтот кога ќе загуби Олимпик Марсеј. Велат еден пораз го плаќал со еден телевизор во канта или поточно во земја. Пази колку е луд, ги погребува на крај.

Прашале навивач на Јунајтед дали титула да освои Сити или Ливерпул

„Пази не ве сакам ни вас ни нив, ама поарно вие да земете титула па да ги слушам Оasis на прослава на титула, отколку они да освојат па да се качат на глава после со месеци, со години, ќе прават шалови, капи, привезоци.“

Алал да му е на тој што ја дал идејава

Паок од Солун vs Аек од Атина. Речиси едно вековно дерби на кое се случило и видело сè и сешто, ама не и ова. Не за џабе се вели дека фудбалот е еднаков за сите. Браво, кој знае со каков ќеиф го правеле ова.

Вие имате пиротехника? Ние имаме човек што блуе оган

Најголемото дерби во уругвајскиот фудбал меѓу Пењарол и Насионал, во Суперкупот, го добија вториве на пенали, откако регуларниот дел заврши 1-1. На трибините, како и секаде во Јужна Америка, права фешта. Сега првпат имаа и човек што блуе оган на трибината.

Зошто воопшто треба да им се извинуваат?

По поразот од Аталанта, фудбалерите на Каљари беа да им се извинат на ултрасите и застанаа пред нивната огада да бараат прошка. Многу италијански навивачи зовреа од негативни коментари на социјалните мрежи. На еден му доаѓа да ги упуца.

Човекот кој најмногу откачи на ремито на Парма против Јуве

Ретко кој може да се пофали дека му дал три комада на Јуве на гости и ретко кој вака одлепил на нерешен резултат. Шампањ бе отвори будалата. И тоа кај нив на стадион. Два дена нема спиено од возбуда.

Песната на тифозите на Милан за Пјонтек

Напаѓачот на полската репрезентација се најде на сите насловни страни по медиумите во Италија откако синоќа имаше врвен настап за Милан против Наполи. Навивачката група Curva Sud веќе смислила една нова песна за него.

Тачер врати се - Милволци се потепаа со навивачите на Евертон

Во 1973-та година на „Гудисон Парк“ во Ливерпул, 7 навивачи на Милвол биле нападнати со нож од хулиганите на Евертон. Низ годините кај стариот „Ден“ стадион на Милвол имало графити: „Ако има среќа дајте ни го Евертон во Купот“. Денешната генерација навивачи на Милвол е трета задоена со омраза кон Евертон.

Капитен на Генк забил знаме на сред терен, навивачите во одговор скршиле 16 автобуси

Иако руските, полските, турските, грчките и српските хулигани би се насмеале на спомен на белгиската навивачка сцена, во Белгија има едно дерби кое нималку не заостанува зад ривалитетот на претходно споменатите.

Најболната навреда на сезоната е од францускиот фудбал

Иако малкумина знаат, во Франција жестината на дербито меѓу Сент Етјен и Лион е речиси идентична како онаа пеколната меѓу Пари Сен Жермен и Марсеј. Ако не и поголема.

Најмладите навивачи на Македонија во Минхен

Најубавиот декор на македонската ракометна репрезентација на мечот против Јапонија беа овие две мали дечиња, кои уште не пркнати, на камен ладно време беа присутни на првата мундијалска средба.

Навивачот кој не издржа да го гледа срамот од 8:0

На денешен ден пред точно 29 години, Ливерпул го декласираше Свонси со еден гол помалку од Сити против Бартон. Покрај резултатот, од мечот произлезе уште еден легендарен момент, а тоа е гостинскиот навивач кој излезе подобар стрелец од играчите на Свонси. Едвај го фатија.

Министерство за култура им дава пари, а тие плукаат по Македонија

Неколку дена откако се појави веста дека министерството за култура на Македонија спонзорирало видео спот за промоција на навивачката група на Шкендија, навивачите на овој тетовски клуб дале интервју за еден италијански портал во кое отворено зборуваат против Македонија.

Лацијалите славеа роденден на клубот, полицијата ја прекина забавата

Околу 2.000 тифози на римски Лацио се собрале на плоштадот „Либерта“ со цел да ја прослават 119-годишнината од основањето на нивниот миленик, но полицијата морала да реагира поради наводно нарушување на јавниот ред и мир.

Навивачи vs полиција 1:0

Полиција врши претрес на навивач кој наводно крие бакљи. Другиве го прават она кое ние го правевме кога Шаќири се местеше на корна или кога Барди изведува слободен. На крајот победуваат навивачите и им прават шоу на џандарите ин јор фејс.

Навивачка страст за Њукасл, пуштена на најјако

Каква е оваа навивачка страст, култура, љубов кон клубот или како другачије да ја неречеме? Англичаните одат секое коло на гостување и тука нема ништо неочекувано, ама да бодриш деца на натпреварување, трето по ранг на островот, треба стварно да си тежок фанатик за фудбал.

За Нова година на гостување далечно 230 километри во трета лига

Додека секој „нормален“ човек на 1-ви јануари 2019 се излежувал сабајлечки, мамурен од прославата на Нова година претходната вечер, околу 8.000 верни навивачи на Сандерленд тргнале на далечно гостување во Блекпул каде прославија важна победа.

Најјакиот редар во Англија

Просто да посакаш да те чува еден ваков орган задолжен за редот и безбедноста на трибините од стадионот.

Најискрена детска изјава на годината

Дуализмот Звезда - Партизан во Србија е толку распространет што некој ден ќе се изненадиме кога и птиците на гранките ќе почнат да се расправаат за овие два вечни ривали. Така и едно мило девојче во репортажа за нивното семејство на телевизија си кажа што имаше.

Царот што собрал 3.200 навивачки шалови

Холанѓанецот Јелмер Ботс е еден од најпасионираните колекционери на фудбалски шалови во Европа. Во поткровјето од својата куќа тој има шалови од Естонија па до Монголија. Меѓу илјадниците драгоцени аксесоари има и два шала на македонски клубови.