Капитен на Генк забил знаме на сред терен, навивачите во одговор скршиле 16 автобуси

Иако руските, полските, турските, грчките и српските хулигани би се насмеале на спомен на белгиската навивачка сцена, во Белгија има едно дерби кое нималку не заостанува зад ривалитетот на претходно споменатите.

Минатата недела во Белгија било многу немирно. И тоа само поради лимбургските дерби средби.

Лимбург е област на граница меѓу Белгија и Холандија. Во Холандија лимбургско дерби се игра меѓу Фортуна (Ситард), Рода и Мастрхит, а во Белгија вака е наречено дербито меѓу Сент Труден и Генк.

****

Минатиот петок играа Сент Труден и Генк на стадионот „Стајен“ кој собира 15.000 гледачи.

Домаќинот се бори за место во еврокуповите, а Генк е убедлив лидер на табелата со 7 бода предност во однос на првиот конкурент.

Генк не бил шампион 8 години (уште од времето со Куртоа, Де Брујне и тренерот Франк Веркаутерен).

На овој натпревар имало 100 полицајци повеќе од вообичаеното. Натпреварот уште не почнат а гостинските навивачи запалиле десетина бакљи кои полетале кон теренот па дуелот бил прекинат на кратко:

Натпреварот започнал лудо: Сент Труден два пати повел и тоа првиот пат во 2’ минута, но на крајот примил три гола и изгубил 2:3. Победата фудбалерите на Генк ја прославиле со своите навивачи кои поминале само 28 километри од својот град до Сент Труден.

Тренерот на Генк Филип Клеман судијата го исклучил поради бурна прослава на победничкиот гол:

Безумието продолжило и по дербито. Фудбалерите на Генк славеле со навивачите а кулминација на лудилото било кога капитенот на Генк Леандро Тросард земал едно знаме од своите навивачи и го забодел во центарот од теренот.

И покрај реакцијата на редарите и домашните навивачи, Тросард не го тргнал од таму знамето кое ги здивело домашните.

Овој чин толку ги здивел локалните ултраси што после решиле да се одмаздат:

околу 100 хулигани во качулки и маски ги нападнале автобусите со навивачи на Генк. Заедно со нив во нападот учествувале и хулигани од холандски Мастрихт, збратимени со овие од Сент Труден.

Навивачите на Генк од друга страна 20 години се блиски со оние на Фортуна Ситард од Холандија кои се ривали со Мастрихт. 16 автобуси биле демолирани, а 7 од нив не можеле да продолжат со патот, па ултрасите на Генк морале да чекаат нови. Полицијата на лице место уапсила 11 хулигани.

Скршени стакла, оштетени седишта и демолирани автобуси на превозните компании Limburg International, Jacobs и De Zigeuner. Вкупната штета била проценета на околу 10.000 евра.

Претставникот на Jacobs, Френсис Паулсен бил категоричен: „Ни станавме жртви на ваквото безобразие, не клубовите. Во нашиот автобус имаше и едно дете кое седеше внатре кога хулиганите скршија еден прозор. Повеќе не смеам да ризикувам. Нашата компанија повеќе нема да превезува фудбалски навивачи на натпреварите. Ни преседна веќе!“

Да не бил глупавиот потег на гостинскиот капитен на Генк, сè ќе завршело поинаку:

****

А тука не може а да не се сетиме на легендарната историја од Турција? После победата во финалето на Купот на Турција 1995/1996, тренерот на Галатасарај Грем Сунес ја означил победата во дербито над Фенербахче на нивниот стадион „Шукру Сарачоглу“ со забиено знаме во центарот на игралиштето.

Навивачите на Фенер ден-денес ги боли овој потег кој предизвика страшни последици меѓу ривалите. 

Веќе на следното дерби, еден навивач на Фенербахче, познат како Окан „Рамбо“ влегол на стадионот „Али Сами Јен“ со нож и знаме на Фенер. Исто како Сунес го ставил на средина на теренот.

За среќа не повредил никого а полицијата брзо го уапсила.

Што се однесува до шампионската трка во Белгија, Бриж дома изгубил од Шарлоа благодарение на што Генк сега бега 10 бода. Златните медали и шампионскиот пехар им се сè поблизу.