Навивачи

Јунак на финалето кој задрема

Разбираме и умор и долг пат и напорно гостување, ама да заспиеш на сред историско финале меѓу два гиганти од ист град?

Бар да знаевте да се тепате

Навивачи на Арсенал пијани или нервозни или пијани и нервозни што немаат освоено европски трофеј едно 25 години.

Го имаме идиотот на денот

Чарлтон е новиот второлигаш кој синоќа го доби Сандерленд со 2:1 во плејоф меч вреден пласман во Чемпиошип. А овој е навивач на Сандерленд кој е поразен и во главата која од што му е шуплива, не осеќа болка. 

За навивачите на Интер викендов има две опции: фешта или војна

Неколку италијански екипи утре ги чека она „Да се биде или не“. Едни ќе слават, други ќе плачат, ама навивачите на Интер најавуваат дека ако треба и “ќе војуваат“. Целта е јасна, Лига на шампиони и ништо друго.

Нема поубаво од тоа кога пее цел стадион

Бенфика е најтрофеен клуб во Португалија со 82 трофеи од кои рекордни 37 првенствени титули. За нив се вели дека имаат 14 милиони навивачи низ светот и рекордни 206.437 членови во својата земја. Погледне колку се внесоа и уживаа славејќи ја последната. Плус некаде на пола ќе згрмат и акапела.

Мангупски потег на навивачите на Лацио

Скоро две децении го мразат и го плукаат, ама на крајот сепак реалноста е дека без непријател како него немаше ривалството да го има истиот драж.

Морони од навивачи

Има навивачи и навивачи. Првите се оние кои грло оставаат на стадион и одат за да бодрат, а вторите се овие идиотиве на видеово кои се трудат да бидат што поголеми идиоти. Фудбалер на Сандерленд паѓа меѓу нив, а овие од Портсмут навивачиве место да му помогнат да стане, го штипат и го маваат. 

Зошто Западот стално го куди Истокот, па макар и преку фудбал

Јирген Клоп како да го запали шкорчето во сноп сено со изјавата дека е неодговорно од УЕФА што едно големо финале на Лига Европа ставила во Баку до каде е многу тешко да се стигне по алтернативен начин. Еден народен писател од Баку му одговори.

Зига зага напред Ајакс со 100.000 души

Титула број 34, Куп број 19, полуфинале во ЛШ, 119 постигнати голови само во првенство и пред сè допадлив и атрактивен фудбал. Во оваа екипа нема посебна хемија само помеѓу играчите. Нивното најсилно оружје е оваа огромна и верна навивачка армија која пулсира во нивниот ритам.

Глувонемиот навивач кој 55 години му е верен на клубот од детството

Стадионот Олимпико во Рим синоќа крцаше како во времето на Серџо Крањоти, а меѓу 80.000 навивачи имаше еден цар кој слободно може да кажеме дека е легенда меѓу навивачите кој заслужува посебен третман од клубот.

Црепот што веќе истетовирал Лидс победник на плејофот 2019

Никогаш не треба да се избрзува како што избрзал овој какодагонаречеме навивач на Лидс на кој му биле доста 0-1 од првиот меч со Дерби пред да чека реванш.

Синиша Михајловиќ му се пушти на еден навивач па се влечеше со полиција

Пред почетокот на финалето на Купот на Италија кој го освои Лацио (2:0 против Аталанта), тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ изреволтиран што некој навивач му довикнал zingaro (ѕингаро - навредлив термин кој на италијански значи циган) ќе се тепаше со пола стадион.

30 години Војводи - гордост тетовска

На 28 октомври, на големиот празник Света Петка, во 1988 година е основана навивачката група Војводи од Тетово. Во чест на големиот јубилеј и 30-ти роденден, Војводите премиерно го прикажаа документарниот филм.

Тотенхем поубава соблекувална за финале ќе најдеше во Велешта

Ливерпул и Тотенхем, заедно со УЕФА полека се спремаат за епското финале на Лига на шампиони, на 1. јуни во Мадрид. Според најавите, Ливерпул ја добил домашната соблекувална на Атлетико Мадрид, а Тотенхем гостинската која е далеку понеопремена.

Совршен британски хумор од навивачите на Лидс до Лампард

Во полуфиналето на баражот за пласман во Премиер лига, Лидс Јунајтед на нашиот Алиоски на гости со 0:1 го совлада Дерби Каунти. Тоа беше доволна причина навивачите на Лидс да го пецнат тренерот на Дерби Френк Лампард за аферата со шпионот кој Марсело Бјелса го прати во нивната база.

Кога ќе кажете ова го има само на Балкан, размислете два пати

Грасхоперс e најтрофејниот фудбалски клуб во Швајцарија. Минатиот викенд испадна од лига првпат после цели 68 години, а навивачите насилно го прекинаа мечот и имаа барање до играчите.

Жено, извини ама парите овојпат јас ќе ги трошам

На 1 јуни во Мадрид ќе се игра големото финале на Лига на шампиони меѓу Тотенхем и Ливерпул. Еден навивач на тимот од Лондон, после мечот со Ајакс даде фантастично искрена изјава и ние го поддржуваме во целост.

Не ти проаѓа тоа во денешно време

Знаеме ние примери од мак фудбалот каде навивачи го гаѓаат судијата со столче и тоа во прва лига. Ама тоа е кај нас пред некои 15-20 години, а ова е меч под капа на ригорозната УЕФА во 2019-та година кога имаа чудесии од технологија кои можат густината на шлаемот да ти ја анализираат.

Навивачи број 1 во Европа

Ајнтрахт Франкфурт треба да биде горд не поради тоа што за влакно не стигна до финалето на Лига Европа, туку затоа што ги имаат најдобрите навивачи. Кај и да гостуваат им одат по 5.000, ма какви 5, по 10.000 илјади и јаче. Погледнете ги овие сцени на крај, мислиш тие се во финале. Грмат каде и да одат и им даваат страшна поддршка.

На овие навивачи нема да им текне друг пат да одбројуваат

Кога на кајронот во минутажа синоќа стоеше 94:50, навивачите на Ајакс логично одбројуваа 10, 9, 8...затоа што судијата продолжи 5 минути игра. Арно ама тоа ќе им остане запаметено како најболно одбројување откако гледаат фудбал. Мура ја шутна точно на 95:00. Џизс.

Видео од секторот на Тотенхем

Лукас Мура му ја протнува на Онана во 96-та минута за 2:3 и после неколку секунди  во горниот прстен од „Амстердам Арена“ некој плаче, некој се тресе, некој се држи за глава, некој урла. Воглавном сите шокирани.

Овие уште не можат да се опорават

Синоќешниот шок на Ајакс воопшто не претставува никаква утеха за навивачите на Барселона, демек ете и на други може да им се случи. Не ме интересираат другите, тепавме 3:0 и не е можно да загубиме 4:0. Оставете ме што сакам ќе правам и не реагирајте, секако не планирам да го гледам финалето.

Мистичната табла во тунелот на Енфилд која го чува Ливерпул

На прв муабет мислиш дека е многу голема и дека се гледа од секаде, но не е баш така. А домашните фудбалери обично мислат дека им носи среќа, иако Клоп им забранил да ја допираат додека не освојат нешто. Само Хендо смее.