Навивачи

Вака се сака клубот и во победа и пораз

По болниот пораз во финалето на Копа Либертадорес кога водеа 1-0 до 89’ минута а после во безмалку 120 секунди примија два евтини гола и изгубија од Фламенго, играчите на Ривер Плејт се вратија во Буенос Аирес. А таму, љубов на квадрат со навивачите.

Фламенго ги пречекаа Габигол и другарите како богови

Да губиш 1:0 до 89-та минута во едно финале на Копа Либертадорес и потоа да го освоиш е лудо, а уште полудо или најдуло се овие епски сцени кои ќе ги видите во Бразил. Пречекот за новиот јужноамерикански првак Фламенго кој по речиси четири децении го крена пехарот изгледа вака:

Клупскиот фудбал се враќа, а ти си навивач на Арсенал

По бескрајните квалификации за Европско првенство 2020 и Светско 2022, конечно фудбалот се враќа во редовна состојба. Ама не баш секој се радува на тој податок.

Па добро како ќе ги пречекаат ако освојат?

Страста на јужноамериканските навивачи за фудбал не познава граници. Фламенго замина да игра финале на Копа Либертадорес во Перу, каде за противник го има Ривер Плејт, а сцениве изгледаат како веќе да ги пречекале и тоа не како јужноамерикански, туку како светски прваци.

Ако ви фалат луѓе за гостување, имаме кукли да врзете

Цвејген Каназава, јапонски клуб чии навивачи никако не можеле да наполнат автобус за гостување на страна. И што да прават, решиле да врзат кукли, за да изгледаат повеќе на трибина.

Како велшките навивачи го бодрат капитенот Бејл

Репрезентацијата на Велс утре вечер на домашен терен игра директен дуел против Словачка за пласман на Европско 2020 година. Кој победи оди на големиот турнир. Во меѓувреме, навивачите на Велс во Азербејџан се спрдаваа со односот на Бејл со Реал Мадрид каде најчесто игра голф и не тренира со првиот тим.

Бруталност на партизановата трибина

Во втората четвртина од дербито на 7. коло во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена звезда, на делот каде што седеше една од трите фракции навивачи на Партизан дојде до страотна тепачка. Полицијата интервенираше со задоцнување и на крај хаосот заврши после неколку минути.

Абе ти џандар да не си? Играч е тој ало

Сценава на синоќешниот меч меѓу Израел и Полска е настварна. Влетува падобранец на терен, полицаец се стрчува да го фати и место него, му влегува на полскиот дефанзивец Томаш Кедзора. На крајот несреќник е и тој и фудбалерот, бидејќи и двајцата лежеа повредени на терен. Левандовски куртули, а за малку и него ќе му клизнеше. Оф мори мајко, каква циркузијада е ова.

Македонски навивачи ја запоседнаа Виена

Не може да помине спортски натпревар на Македонија без наши навивачи, без разлика каде се игра и какви се шансите за пласман на Европско. Нашите се свесни дека овие квалификации се речиси загубени, но фалангата се собра регионално и растури со песни пред стадион.

Профил на хулиган според балкански критериуми

Ова со Најк не сме баш сигурни, а можеле да додадат дека тренерката во фармерки ја бута. Инаку има и некои кои се на лесни дроги, трети само на алкохол и да, има и средно кои не можат да завршат.

Хард кор баби на трибина

Овие ниту плетат, ниту слатко варат, ниту па внуци чуваат. Само навиваат за Ботафого и си го бараат пред камера. Па уште ќе колела таа.

Залак на годината: 8.000 км со автобус за само 90 минути фудбал, ама без спање

Тешко на навивачите на Ривер Плејт кои немаат авионска карта, а планираат по секоја цена да одат на финалето на Копа Либертадорес. Ги чека спектакл, ама и живот во автобус скоро 5 дена.

Еден од поубавите стадиони во Европа - на брегот на Норвешко море

Норвешкиот град Молде има околу 25.000 жители, а главниот градски стадион во градот „Акер Стадион“ бил изграден за една година и отворен официјално во 1998 година. Изградбата на арената чинела окол 160 милиони шведски круни (денес околу 16,48 милиони долари).

Регионалната дружба на бандата на Ливерпул во Скопје во 2 минути

Тип топ скоцкано видео од деветтиот регионален собир на навивачи на Ливерпул кој по втор пат се одржа во Скопје. 400 души на едно место со иста цел. Ливерпул. Плус јадење, пиење, веселење, навивање, а ја има и реакцијата на голот за 2:1 против Тотенхем. Јак клип. И со дрон снимале.

За ова ли гинеа илјадници Украинци во Втора Светска војна

Во 14. коло од украинското првенство, Шахтјор во дербито го совлада Динамо Киев со 1-0 и ја зголеми предноста на 13 бода. Но мечот помина во сенка на расизам од трибините и црвен картон за Бразилецот Тајсон.

Го имаме ли тифото на сезоната во Европа?

Не е Германија, Полска, ниту Италија, туку француско првенство. Велодром викендов се претвори во вистинска убавина за гледање, а повод беше дербито меѓу Олимпик Марсеј и Лион кое заврши 2:1. Каква е оваа организација и реализација човече? Не една трибина, цел стадион блесна.

Еден од полудите моменти во турскиот фудбал

На 6 октомври 2002 година играле Самсунспор и Анкарагучу. Домаќинот водел 1-0, а гостите добиле пенал во 90' минута. Еден домашен навивач висел на кровот од трибината, сакал да влезе да се пресмета со судијата. Пеналот промашен, а царот при пад скршил нога и завршил во болница.

Е сега, имаш пример и холандски хумор

Феенорд од Ротердам играше против швајцарскиот клуб Јанг Бојс и мечот заврши 1:1. Од неодамна тренер на холандскиот тим е Дик (Dick) Адвокат, па навивачите на Феенорд невешто пробале да направат смешка на темата.

Лудиот Сергеј Трифуновиќ пееше химна на Ливерпул на „Олд Трафод“

За време на мечот Манчестер Јунајтед - Партизан, познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ покажа дека освен за црно-белите, има симпатии и за Ливерпул, смртниот ривал на Јунајтед.

Навивачите на Ајакс со ѓубреџии на камион во Лондон

Поради казната од УЕФА, холандскиот шампион имаше забрана за организација на гостински навивачи за мечот со Челси во Лондон. Ама овие толку го сакаат клубот што не пропуштија прилика да одлетаат до Лондон и да се вртат околу „Стемфорд Бриџ“.

И самиот признава дека тоа е шизофрено

А еден па му искоментирал дека тој сигурно не разликува пречка од офсајд.

Не Буенос Аирес, чекај да го видиш дербито на Казабланка

Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.

Нема друг фудбалер на планетава што вака се напил пиво додека слави гол

Го фати како бејзбол топче, го дрмна на екс и им го врати назад. Што ти е култура, прецизност, ама и жед.

Најјакиот навивачки швенг ни доаѓа од Полска

Третолигашот Widzew Łódź (веројатно Видзев Лодз на нашки) синоќа во Купот на Полска ја пречека Легија од Варшава. Се држеа на 2:2 до 84-та и потоа загубија, а она што сакаме да ви го покажеме е нивната неверојатна навивачка армија. Какво е ова видео луѓе? Каква е оваа поддршка после пораз?