Само 20.228 навивачи во просек оваа сезона одат на стадионот Олимпико во Рим да му дадат поддршка на Лацио, а минатата сезона таа бројка изнесуваше 34.423. Римјаните бележат историски пад во гледаноста на стадионот кој собира 80.000, а тоа се должи на бојкотот на навивачите.
Тие одлучија оваа сезона да не одат на стадион поради тоа што трибината Курва Норд им ја поделија со плексиглас, како и поради дрскиот однос на претседателот на клубот Клаудио Лотито за кој сметаат дека веќе со години води лоша политика особено околу трансферите.
Вториот клуб со најголем пад е токму тој што игра на истиот стадион кој сезонава во просек има скоро 6.000 навивачи помалку од лани. Пад од 1.800 навивачи е забележан кај Фиорентина, а во минус отишле и Милан и Јувентус.
Најголема поддршка оваа сезона има Интер кој за разлика од лани е бодрен во живо од 7.900 навивачи повеќе, а многу повеќе публика оваа сезона успеале да придобијат и Наполи и Удинезе.
Просечен број на гледачи оваа сезона во Серија А во однос на лани:
Интер 44.962 [+ 7.900]
Наполи 40.197 [+ 6.596]
Удинезе 15.456 [+ 6.520]
Торино 19.140 [+ 3.466]
Џенова 21.098 [+ 1.053]
Киево 12.250 [+ 1.012]
Емполи 9.647 [+ 466]
Аталанта 15.579 [+ 419]
Сампдорија 21.550 [- 195]
Палермо 17.236 [- 245]
Јувентус 38.122 [-411]
Милан 35.796 [- 798]
Сасуоло 11.469 [- 1.362]
Верона 17.813 [- 1.491]
Фиорентина 28.521 [- 1.800]
Рома 34.281 [-5.854]
Лацио 20.228 [- 14.195]