Шалке е во тешка криза од која никако не може да излезе, а навивачите се разочарани и бесни на тимот кој во првиот дел од сезоната беше откритие.
Младиот стручњак Доменико Тедеско ја освои германската јавност со неколку фантастични партии на Шалке во есенската полусезона, но западнаа во тешки проблеми.
Шалке е пред испаѓање и од Лига на шампиони (изгуби 2-3 од Манчестер Сити дома и го чека реванш). Последната катастрофа ги задеси минатиот викенд кога изгубија 0-4 од Фортуна Дизелдорф.
Тоа ги натерало навивачите по крајот од мечот да влезт на терен и на капитенот Бенџамин Стамбули кој се расплакал, да му ја одземат капитенската лента затоа што според нив не ја заслужувал.
На ултрасите кои се во добри односи со навивачите на Вардар, ништо не им значеле извинувањта од фудбалерите кои според нив не го заслужуваат дресот кој го носат. Тренерот Тедеско на прес-конференцијата зборувал за „екипата без живот“. Шалке во моментов е 14-ти на табелата со очајни 23 бода и многу близу до зоната на испаѓање.