Како навивачите на Велс се забавуваа во Скопје?

Дојдоа во голема бројка од околу 2.000, со чартер летови. Пееја, бодреа гласно и ја разубавија атмосферата на Градски. Претходно играа пријателска со нисколигашот ФК Слободен, а организираа и хуманитарна акција за Кочани. Заминаа без дамка. Браво за Велшаните. Знаеа како да уживаат во скопските барови.

26 март 2025 - 13:40