- Македонската ракометна репрезентација денес напладне го имаше првиот собир во Скопје, како знак за почеток на подготовките за Евро 2026 кое се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
- Македонските ракометари се во група со домаќинот Данска со која го отвораат Европското првенство во Хернинг, со Португалија и Романија. Македонија на континенталниот собир ќе настапи во група со домаќинот Данска (16 јануари), Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари).
- „Може да кажам дека ЕП е дури и поквалитетно од СП, така да имаме што да атакуваме. Нема да се жалиме, групата е таква каква што е, не можевме да добиеме поквалитетна група кога сме во трет шешир, прашање беше само дали ќе ја добиеме Данска, Франција или Германија. Го имаме од првиот шешир светскиот и олимписки шампион, од вториот шешир ја добивме Португалија која на последното првенство играше полуфинале и се бореше за медал. Трет ривал е Романија. Спортски е да се надеваме, да се бориме, да го дадеме најдоброто од нас. Ќе имаме квалитетни подготовки овозможени од РФМ да се спремиме“, изјави меѓу другото селекторот Кире Лазаров на почеток на подготовките.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.