- По очајната сезона во која останаа без шампионскиот пехар, изгубија убедливо во полуфинале на Куп на Македонија, претрпеа еден куп порази во Лига на шампиони и имаа тренерски смени, ракометарите на Пелистер конечни ги израдуваа своите навивачи.
- Зелено-белите го совладаа ГРК Охрид 25:22 на гостински терен во дерби колото од 9. коло од доигрувањето за титула во Суперлигата.
- Во салата „Билјанини извори“ во која за некој ден ќе се игра реваншот од финалето на ЕХФ Купот меѓу Охрид и Татабања од Унгарија, Пелистерци заслужено славеа и на крај ќе го освојат второто место кое води во ракометната Лига Европа.
- Богдан Радивојевиќ со осум гола беше најдобар играч на мечот а Никола Митревски имаше двоцифрен број одбрани. Јасухира даде пет погодоци кај домаќинот Охрид.
- Елмин Растодер го разби малерот на македонската фудбалска репрезентација, која осум натпревари беше во серија без постигнат гол. По мечот со Шкотска изјави дека се работи за вежбана комбинација.
- „Горд сум што го постигнав првиот гол за Македонија, но штета што не успавме да стигнеме барем до еден бод. Одигравме добар натпревар, бевме спремни, но понекогаш таков е фудбалот. Комбинацијата од корнер ја трениравме, јас истрчав на прва статива, Барди ја испрати токму таму топката и погодив со глава.
- Сакам уште еднаш да кажам дека сум многу горд што постигнав гол за нашата држава, тоа е мојата задача, напаѓач сум. Тоа ми дава енергија да постигнам погодок и на следниот натпревар против Словенија“, рече напаѓачот на Панатинаикос.
- „Овој натпревар го реши ВАР, немам што да им замерам на момците, одиграа одличен натпревар, кога играте со ваква репрезентација мора да сте на високо ниво, тие ги искористија своите шанси и дојдоа до победата.
- Полека, полека фудбалерите ги разбираат моите замисли, жално е за резултатите, добро е за фудбалерите што дадовме гол бидејќи цело време се спомнуваше, знам дека тие можат повеќе.
- Ние со ваква игра можеме да се носиме со силни репрезентација. Одигравме машки и борбено, го исполнија тоа што барам, го оставија срцето на теренот, штета што загубивме, се надевам на подобри денови“, изјави по мечот селекторот Гоце Седлоски.