- Наследникот на легендарниот Џани Ањели и сопственик на Јувентус, Џон Елкан им ветил на сите играчи и членови на стручниот штаб премии од по 30.000 евра по лице во случај да го победат Реал Мадрид вечерва на Светско клупско првенство и да се пласираат во четвртфинале.
- Пласман во следна рунда на Јувентус би му донел 17 милиони евра. Бјанконерите досега во САД заработиле 27 милиони евра.
- По триумфот на Словенија 2-0 над Македонија на стадионот „Стожице“ во Љубљана, словенечкиот селектор Бостјан Сезар после натпреварот зборувал подолго пред новинарите, а меѓу другото кажал:
- „Честитки до момците, но ова е само почеток. Мора да раснеме од натпревар во натпревар. Едноставно не смее да има еуфорија. Победата е добра, ја остваривме против добра екипа, но Македонија не припаѓа баш на самиот врв на светскиот фудбал“.
- Сопственикот на големата транспортна и градежна компанија ПИМК во Бугарија и еден од главните инвеститори во фудбалскиот клуб Ботев Пловдив, Илијан Филипов бил застрелан во Пловдив.
- За сега информациите околу бруталното убиство се силно ограничени, пишува Спортал.бг. Криминалнистичката полиција обезбедила широк периметар околу местото на убиството и движењето по околните улици било сопрено за да се соберат докази за истрагата.
- Според првичната информација од органите на редот, бизнисменот е застрелан смртоносно во пределот на главата околу 1 часот после полноќ.
- Компанијата на Илијан Филипов била една од главните изведувачи на изградбата на новиот модерен стадион „Христо Ботев“.
- Се очекува во текот на денот бугарското МВР да излезе со детали од истрагата, верзиите за убиството и евентуални извршители.