Кошарка

Италијанскиот селектор пак направи шоу

Италија може да биде задоволна од настапот на Евробаскетот зошто стигна до 1/4 финалето но може да жали за огромната шанса за пласман во големото полуфинале откако во финишот имаа можност да ја соборат Франција на колена.

Херојот на Полска кого сега го слави цела нација која претходно го напаѓаше

Матеуш Понитка е еден од главните протагонисти на сјајното Европско првенство 2022-ра година. Откако ја водеше својата селекција со учинок 3-2 во групна фаза до нокаут рундата, сега во елиминациите се прослави на најголема сцена.

Амбициозен и симпатичен коментар на Пољаците откако го урнаа европскиот првак

Со елиминацијата на Србија и Грција, не завршија сензационалните резултати на Европското. Полска и Словенија одиграа натпревар со лудачки пресврти, а на крајот со наведната глава дома си одат Дончиќ и другарите кои ја бранат титулата. Ќе се прераскажуваа оваа драма, особено во Полска.

Поцеко цепа српски

Слушнете го како зборува српски италијанскиот шоумен кој ја шокираше Србија. Првиот дел му е брз, течен и одлично изговорен.

Германскиот селектор не им ја дал кредитната картичка на играчите да се почестат

За разлика од шармантниот и лудо харизматичен италијански тренер Џанмарко Поцеко кој ја воодушеви цела кошаркарска јавност со шоуто на Евробаскетот, германскиот селектор остана ладен како шприцер и по големиот триумф за пласман во прво полуфинале за Германија од 2005-та.

Лудиот кош на Слукас од преку половина терен

Кошаркарите на домаќинот Германија ја совладаа Грција убедлвио со 107:96 и се пласираа во големото полуфинале на Европско 2022 каде ќе се судрат со Шпанија (прво полуфинале за Германија уште од 2005-та). Грците се држеа колку што се држеа преку неверојатниот Јанис Андетокумбо кој на крајот имаше 31 поен, 8 асистенции и 7 скока. А поенот на мечот го даде Костас Слукас од своја половина и тоа со звукот на сирената за полувреме.

Лука Дончиќ од тротоар

Во пресрет на четвртфиналето Словенија - Полска вечерва од 20:30, најдовме клонирана верзија на Дончиќ во Њујорк.

Јунакот на Италија откри колку пари потрошиле од картичката на селекторот

Селекторот на Италија Џанмарко Поцеко дефинитивно е прав шоумен. А играчите играат по неговите ноти и се забавуваат во комплетна слобода.

Италијанскиот селектор даваше изјава на англиски па сврте на српска пцовка

Каков лик е овој Поцеко. Задишан од преголемата возбуда која не успеа да ја исконтролира после сензацијата против Србија, даваше изјава за српски медиум. На сред зборување прво имаш: Не, не, не, не, не, а потоа за Даниловиќ рече: брате, врло брате, за на крај онака симпатично да ја изусти нашата најдобро позната пцовка.

Како Теодосиќ сам ги здроби Словенците и ја однесе Србија во финале

Европското првенство 2009-та, полуфинале меѓу Србија и Словенија. Драматичен двобој со продолженија на кој може да се види еден од најјаките репрезентативни перформанси на Милош Теодосиќ кој Пешиќ одлучи да го чкрте од овој Евробаскет. Постигна 32 поени од кои шест тројки. Во финишот игра немилосрдно.

Каква вечер за Италија: Одбојкарите станаа светски прваци против Полска среде Катовице

По трансот кој им го приредија кошаркарите на Италија кои направија сензација во осминафинале против Србија, Апенинскиот полуостров го обзема еуфорија и со светската шампионска титула на одбојкарите кои издоминираа против снажната Полска и тоа на нејзин терен.

Верувале или не, три меча од осминафинале на Европско завршија 94:86

Фасцинантен податок кој никогаш не се случил во нокаут фаза на едно Европско првенство.

Анонимниот јунак на Италија кој ја разби Србија

Малку кој очекуваше италијанската кошаркарска репрезентација да направи неверојатен подвиг, да се врати од -16 поени негатива и на крај да слави против фаворитот за злато со двајца МВП играчи во составот.

Селекторот на Италија ги гушкаше Србите, Италијанците и на крај и Гркот Јанис

Италијанците направија сензација против Јокиќ и другарите и ја селиминираа Србија во осминафиналето на ЕП. Него како ли да ви ги опишеме емоциите и радоста на италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко? Побудале човекот и на крај се измори од радување. Ако ве види и вас ќе ве гушне.

ЕП во кошарка: Чудно судење

Една од последиците на конфликтот меѓу Светската кошаркарска федерација и Здружението на европските кошаркарски лиги е судењето под секој критериум на Европското првенство во кошарка. Во позадина е борбата за моќ и контрола на протокот на пари што и штети на кошарката.

Кога им запнуваш на Јокиќ и другарите за изјава, ама во глупо време

Микс зоната е обележано место само за новинари и играчи, без разлика дали се работи за фудбал, кошарка или некој трет спорт. Обично играчите секогаш застануваат да им учинат на новинарите, ама после натпревар, а не пред кога треба да се загреваат и концентрираат на играта. Ова е пред вчерашниот дуел против Полска кој го добија со 17 поени разлика.

Словенците го нишаа автобусот од славење

Со 4 победи и 1 пораз, Словенците завршија први во групата Б, а по триумфот над Франција се зезаа на нивна сметка и пееја познат српски хит.

Ѕверско забивање на Јанис кој ги исповитка обрачите против Естонија

„Тhe Greek Freak“ и беше потребен на Грција само 20 минути на средбата против Естонија (90:69), а одговори со 25 поени, 5 скока и 4 асистенции. Грците ја завршија групата со 5 од 5, а во осминафинале ќе играат против Чешка.

Богдановиќ намерно промаши слободно фрлање за Хрватска да не вкрсти со Србија?

На 27 секунди до крај при водство од +7 против Украина, на линијата за слободни фрлања застана Бојан Богдановиќ. Математиката на Хрватите беше дека ако победат со најмалку 8 поени разлика, ќе завршат втори во група и ќе влезат во костурот со Србија. Односно прво би играле против Словенија, па после евентуално со Србија или Франција. Но очигледно според остриот начин на шутирање, намерно ја избегнаа таа комбинација и завршија трети.

Доминацијата на Дончиќ, Јокиќ и Јанис изразена со вкупно 106 поени во една ноќ

Тројцата НБА ѕвезди како синхонирини газеа во 4. коло од Евробаскетот. За Србија и Грција тоа значеше максимален учинок 4 од 4, а за Словенците пак рехабилитација од поразот против БиХ.

Нуркиќ: Играме за народот, а не за политичарите, замислете Франција да немаше хотел и храна?

„Дали Евробаскетот би ги променил нашите политичари? Нив војната не ги промени, а ниту пандемијата. Мислам дека ништо не може да се направи, дури и злато ако освоиме“.

Наградата за навивач број 1 на ЕП оди во Ваљево

Србија ја збриша Финска со 30 поени разлика и има 3 од 3 на Евробаскетот. Го имаме победникот на мечот и на цело првенство.

За време на инцидентот меѓу Турција и Грузија, 24 секунди од играта отидоа курбан

Селекцијата на Грузија ја доби Турција во Тбилиси со 88:83 после две продолженија. Мечот донесе голема тензија, судир на паркетот, тепачка после мечот, исклучување на турскиот селектор, но и кикс на организаторот кој не стисна пауза на семафорот.

Нуркиќ му се јави на Халид Бешлиќ за да му пејат од автобус

Босанците направија големо изненадување на ЕП откако го совладаа бранителот на титулата, Словенија. Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ му текна како да ја крене атмосферата после мечот. Цела репрезентација пееше со славниот босански фолкер.