Кошарка

Историски мега трипл дабл на Лука Дончиќ

Балканското шоу во НБА лигата не запира, благодарение на сè подобрите Јокиќ и Дончиќ кои прават растур систем и постигнуваат бројки за историја. Словенецот ноќеска се надмина себе си.

Јокиќ: „Не е мој Божиќ, но добро“

Откако на празнична вечер во НБА, Никола Јокиќ стана најдобриот поентер со најдобар трипл-дабл учинок во историјата на Божиќна вечерна програма, новинар на ЕСПН зборува со српскиот репрезентативец за неверојатната партија и на крајот му честита Божиќ кој на 25. декември го празнуваат верници од Римокатоличката црква.

Божиќниот аутфит на Лука Дончиќ и Џејмс Харден

Празничното НБА коло донесе многу атрактивна и возбудлива кошарка во која главни протагонисти беа Јокиќ со рекорден трипл дабл за Божиќ и Дончиќ со 50 поени. Лука имаше конкретно одбран стил на облека со кој се појави, ама Брадата?

Партијата на Дончиќ со која влезе во историјата

Во супер мечот меѓу Далас Маверикс и ЛА Лејкерс, славеа домаќините предводени од Лука Дончиќ 124:115. Ова беше 18-ти триумф на Мавси кои се на 8. место на табела на Западната конференција. Неколку часа претходно, во ноќта меѓу сабота и недела Дончиќ во дербито против Хјустон Рокетс уфрли неверојатни 50 поени (17/30 од игра и 6/12 за три поени) со 10 асистенции и 8 скока.

Рекордниот трипл дабл во историјата на НБА за Божиќ е дело на Јокиќ

Ново МВП издание на Никола Јокиќ кој не застанува да импресионира. Со моќната партија против Феникс Санс го бележи третиот трипл дабл во само една недела и 83-ти во кариерата. Нагетски се први на Запад.

Гордон „полета“ во стилот на Мајкл Џордан

Денвер Нагетс го доби Феникс 128:125 во драматичен меч кој беше решен после продолженија. Потегот на мечот и месецот, како и кандидат за забивање на годината е делото на Арон Гордон кој го сруши својот чувар на земја.

Како изгледаат рацете на Јокиќ по последниот трипл дабл?

40 поени, 27 скока и 10 асистенции против Шарлот Хорнетс за 81-ви трипл дабл. По три дена, 13 поени, 13 скокови и 13 асистенции на дербито против Мемфис Гризлис за 82-ри трипл дабл. Вака изгледа жртвата за тимот и личните дострели за да стигнеш до рекордите на легендарниот Вилт Чемберлен.

Еден потег и магија се створи

Чикаго Булс со 110-108 ја совлада Атланта Хокс во најинтересниот меч на вечерта во НБА. Трае Јанг кај поразениот тим освен што даде 34 поени со по 6 скока и асистенции, имаше и потег со кој исфрли пола Булси од игра.

Њујорк ретко гледал такви партии

Култната сала „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, домот на Никс синоќа беше сведок на уште една инспиративна партија. Овојпат од гостинскиот кошаркар, Камерунецот Паскал Сиакам кој постигна 52 поени во триумфот на Торонто Репторс 113:106 над Њујорк Никс.

„Шек, тоа е на руски, како те учев“

Никола Јокиќ игра уште една фантастична сезона во регуларниот дел на НБА лигата. Синоќа го штиклираше 82. трипл-дабл во кариерата на мечот во кој неговите Нагетси го совладаа Мемфис со 105:91. После оваа средба на која израмни и урна некои рекорди, Јокиќ помуабети со Шекил. А О’Нил по навика му вика „спасибо“ за што Никола се лути што пак не му текнал зборот „хвала“.

Каков лик е Јокиќ, Џејсон Кид не го правеше ова

Кога отспа, кога се одмори и кога успеа да се врати на паркетот и тоа со нова победа, трипл дабл и повторно нов рекорд во друштво на легендарниот Вилт Чембрлен. Каква е оваа асистенција Никола?

Монструозен трипл дабл на Јокиќ, невиден 54 години во НБА

Додека Аргентина и Франција играа чудесно финале во Доха, српскиот кошаркарски ас направи нова чудесија во НБА која ќе остане запишана во историјата.

Што е со пасов на Теодосиќ?

Уште е нејасно како може ваков мозок да не биде дел од селекцијата на Србија на годинашното Европско. Погледнете му го додавањето на мечот против Алба Берлин. Па треба да му се извини тој што се посрамоти под кош.

Најлуда партија на Јокиќ сезонава

Додека светската спортска јавност не мрда поглед од Светското првенство во Катар, НБА остана во втор план надвор од САД. Таму синоќа Никола Јокиќ го разнел Вашингтон Визардс. Во триумфот 141:128, МВП за минатите две сезони, имал 43 поени, 14 скока, 8 асистенции и пет украдени топки. Јокиќ  шутирал 17/20 од игра, 9/10 слободни фрлања и 0/2 за три поени.

Кога ќе го оставиш Зајон Вилијамсон сам пред кош

Ако од толку многу случувања во Катар сте испуштиле некоја НБА атракција, ви ја сервираме главната. Њу Орлеанс го совлада Феникс со 129:124, а главен на паркетот беше Зајон кој остај ти што има 130 кила, кога го краси младоста. Постигна 35 поени, а на крај му влезе на обрачот како Ол Стар натпревар во забивање.

Дивјачко однесување на мечот Чаир 2030 - Работнички

Од Катар се селиме во Првата македонска кошаркарска лига каде во 9. коло Чаир 2030 го пречека Работнички. При резултат 22:43, Арбин Рушити влезе во конфликт со интернационалецот од Работнички, Ерик Нотиџ и кога во еден момент малоумен навивач му влезе со боксови на Американецот.

Луда завршница меѓу Денвер и Портланд со Јокиќ и другарите

Кошаркарите на Денвер и Портланд приредија игра на нерви во последните 3 минути во кои водството се смени дури осум пати и паднаа четири тројки. Драмата ја реши Џамал Мареј со тројка во последната секунда и постигна вкупно 21 поен, а Никола Јокиќ имаше ново блескаво издание со 33 поени, 10 скока и 9 асистенции. Нагетски победија 121:120.

И Пулишиќ на кошарка вратен од Светско, ама со поинаков пречек од Митро

Разликата во навивачки пристап во Европа и во САД. На белградското дерби Партизан - Ц. Звезда некогашното дете на „црно-белите“, најдобриот стрелец на репрезентацијата на Србија пречекан бурно од 20.000 гледачи. Кристијан Пулишиќ, најдобриот фудбалер во репрезентацијата на САД, штотутку вратен од Светско, исто дошол во сала да гледа НБА.

Лудата тројка со која Недовиќ го реши историското вечно дерби

Кошаркарите на Партизан и Црвена Звезда низ историјата одиграле стотици дуели, многу од нив на нож, со големи тензии, нервози, прекини. Во четвртокот вечер за првпат се сретнаа и во елитната Евролига. Во белградска „Арена“ над 20.000 гледачи, многу гости од страна дојдени само за дербито, и гостинска публика која се радуваше на тројката за победа во последна секунда.

Шек фати да го имитира нереалниот подвиг на Кари кој го изведе на тренинг

Стефо Кари изведе пет прецизни шута по ред од кош на кош со една рака, кои се чудесија кога ќе ги види човек. Шекил сакаше да ги повтори.

Стефон Кари на тренинг - нереално

Светското во Катар го разбиваме со 35 секунди од тренинот на еден од најдобрите шутери кои стапнале во НБА лигата. Сè до првиот кош се смета за нормално. Кога сфати колку пати го повтори истото и самиот избега од сала. Да повториме од насловот - нереално.

Јокиќ и Марјановиќ со традиционален поздрав, Џордан се изненади

Денвер Нагетс со 120-100 го победи Хјустон Рокитс во дербито на вечерта. Џамал Мареј со 26 поени и Арон Гордон со 20 беа најефикасни кај победникот. Јокиќ уфрли 19 поени, со 9 скока и 12 асистенции. На крајот од мечот се поздрави традиционално со својот сонародник Бобан Марјановиќ. ДиАндре Џордан ги гледаше со голем интерес па почна да прашува што е тоа?

Па како да не го сакаш?

Легендарниот Шекил О’Нил разви сјајни односи со Лука Дончиќ и Никола Јокиќ што ова поднебје му стана редовна дестинација и тема на муабет.

Лука Дончиќ го растури шампионот со нова луда партија

Словенечкиот репрезентативец во НБА одигра еден куп фантастични натпревари. Еден од тие му беше и синоќа кога со луд трипл-дабл го растури актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс.