Кошарка

Џејлен Браун со најјакиот потег на мечот

Со 22 поени, 6 скока и 2 асистенции, Џејлен Браун е најдобар поединец во првата пресметка од финалната серија која Бостон ја отвори со 1:0. Но и најтрактивен. Ги крена сите на нозе со забивањево.

И најголемиот дојде да го гледа финалето Бостон - Далас

Пеп Гвардиола веќе неколку дена е во САД каде искористил прилика да го гледа и првиот меч од финалето на НБА меѓу Бостон Селтикс и Далас Маверикс. Луѓето од Бостон на чело со тренерот Џо Маѕула добиле интересни совети од Пеп во однос на фудбалот кои можат да се применат и во кошарката.

Бостон да ви покаже како се игра одбрана во финале

Одбраната како моќно оружје во цела сезона, кошаркарите на Бостон ја демонстрираа кога најмногу требаше, а тоа е на самото отворање на финалната серија. Девет блокади им стегнаа, не можеа да писнат.

Моќен старт на Бостон, победија со 18 разлика

Кошаркарите на Бостон Селтикс се во низа од осум победи по ред и демонстрираа дека се спремни за освојување на првата шампионска титула по пауза од 16 години. Заврши гостинската низа на Маверикс од пет триумфи.

Лука Дончиќ откри во која сала играл пред најжестоки навивачи

Лука беше еден од најмладите кои освоиле Евролига додека го носеше дресот на Реал Мадрид. Тогаш на само 19 години Дончиќ правеше чуда цела сезона во дресот на Реал Мадрид и доби МВП признание за најдобар играч во Европа. На крајот освои и европска титула против Фенербахче на Фајнал Фор во Белград во 2018-та. Реал славеше 85-80. Прашан од американските новинари која е најжестока атмосфера во која играл, вели ОАКА во Атина кај Панатинаикос.

Како Џру Холидеј планира да го сопре Кајри Ирвинг во финале

Стартува големото НБА финале меѓу Бостон Селтикс и Далас Маверикс. Првата пресметка е закажана за ноќеска од 2:30 по полноќ, а домаќини се Бостон. За тоа како ќе му игра еден на еден на брзоплетниот Ирвинг, Холидеј има свое видување кое го објасни со еден збор.

53-годишна Кинеска што прави шоу на пауза во НБА со моноцикл

Црвена Панда, како што и е уметничкото име на жената од Кина која повеќе од 30 години изведува неверојатни сценски настапи со двоиполметарски моноцикл и чинии, ја забавува публиката во НБА.

Играл во НБА и Басконија, сега ќе игра одбојка на плажа на Олимписки Игри

Чуден е спортскиот пат. Постојат такви приказни кои се вредни за филмско платно. Една од таквите е и на Чејз Бадингер од Калифорнија.

Најгледаното видео од кога НБА објавува на социјални мрежи

Далас игра неверојатна кошарка и првпат уште од 2011-та кога стана шампион за првпат во својата историја, ќе игра повторно во големото финале. Сјајниот тандем Лука Дончиќ - Кајри Ирвинг одиграа беспрекорен плејоф и по ред ги ништеа сите ривали. 

Никола Јокиќ свој на свое

По веќе испробан рецепт, најдобриот кошаркар на светот кој доби МВП признание за најдобар играч во НБА регуларната сезона, по враќањето дома веднаш тргнал кон Тара на рафтинг со своите најблиски. Го виделе присутни па го поздравиле.

Како Делиите го пецнаа Жељко Обрадовиќ?

Како по примерот на Жозе Мурињо кога во еден момент не можеше да му најде чаре на Маурицио Сари со Лацио па се фрустрираше, така и најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ потпадна под притисокот што го носи белградското вечно дерби. Црвена Звезда има учинок од 7 победи на последните 7 меча против Партизан. Победуваа црвено-белите и во Евролига и во Куп на Србија и во Јадранска АБА лига и во домашно првенство.

Феноменалниот продор на Кампацо со кој ја изметла Барселона

Актуелниот шампион на Шпанија Реал Мадрид „ја изметла“ Барса во полуфиналето на разигрувањето за титулата во шпанската АЦБ лига. Реал Мадрид славеше синоќа на гости 91:95 и со 0:3 оди во големото финале. Факундо Кампацо блескаше со 21 поен а имаше и продор со кој стави точка на триумфот.

На славјето за титулата на Задар ечи „Излези момче“

Задар ја одбрани шампионската титула во хрватскиот кошаркарски шампионат откако во мајсторката го совлада Сплит со 3-2. Ова им е 11-та титула во историјата, петта од осамостојувањето. Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ им покажа на Хрватите како се слави.

Лука имаше што да му каже на Снуп Дог во први редови

Со 36 поени (14/22 од игра) од кои дури 20 поени во прва четвртина, Лука Дончиќ на фантастичен начин го однесе својот Далас Маверикс во големото НБА финале каде ги чека Бостон Селтикс. Во публика во први редови седел легендарниот рапер Снуп Дог па или тој или некој до него му дофрлал постојано на Лука дека плачел кај судиите. Во еден момент им врати и го насмеа раперот.

Немилосрдната прва четвртина на Дончиќ кој експлодираше со 20 поени и 4 тројки

Кошаркарите на Минесота Тимбервулфс немаа никакви шанси против ваков Далас кој ги здроби со 19 поени разлика, а на полувреме имаше +29. Лука блесна уште на стартот и погодуваше луди тројки. Погледнете му ја првата четвртина спакувана по 1 минута и кусур.

Дончиќ пиеше пиво, Финли му го зема од рака

Лука ја игра сезоната на кариерата. Со фантастични партии прво го донесе Далас во плејофот, а таму направија растур со Кајри Ирвинг и другарите. Ја испрашија Минесота Тимбервулвс со 4-1 во финалето на Западот и влегоа во големото финале на НБА. Дончиќ после мечот пиел пиво со татко му кога Мајкл Финли случајно или не му го зел од рака и не му го вратил.

Дончиќ и Ирвинг се незапирливи, Далас оди во финале

Маверикс ја збришаа незгодната Минесота со 4:1 и закажаа големо НБА финале против Бостон. За МВП во финалната серија од Западната конференција е прогласен Лука Дончиќ.

Најатрактивните 6 потези од мечот меѓу Далас и Минесота

Не е ова стандардната топ листа која ја прави НБА, туку ја составивме по наше без да внимаваме на редоследот. Имаме два цепелини, две јаки завршници на Ирвинг и Едвардс, како и луда тројка на Дончиќ на 13 секунди до крај. Уживајте.

Нов трипл дабл на Дончиќ, овој пат недоволен за 4:0

Минесота и Далас ќе играат петти натпревар во финалето на Западот. Тимбервулвс направи брејк на гостувањето во Тексас и намали на 3:1. 

Нов бомбастичен договор му се наѕира на Јокиќ

Никола Јокиќ има договор со Денвер од 264 милиони долари и тоа не е ништо во однос на најновата најава од НБА лигата.

Атаман со говор од две реченици направи шоу во соблекувална

Турскиот кошаркарски стратег Ергин Атаман во последните четири години, три пати се радува во фајнлфорот од Евролигата. Ја освои два пати со Анадолу Ефес (2021, 2022), а овој пат и со Панатинаикос кој се качи на тронот по пауза од 13 години.

Дончиќ се загреваше со хрватска песна, Шекил правеше мајтап

Лука Дончиќ редовно нарачува балкански песни во НБА, а еден од главните ликови задолжени за забава е Шекил О`Нил кој го смееше Словенецот.

Ентони Едвардс е лудак со забивањата

22 годишниот Ентони Едвардс кој од 2020-та е на НБА сцената како член на Минесота, сè повеќе нè потсеќа на Винс Картер во начинот на кој забива. Колку само моќ и експлозивност има во потегов. Страшен е дечкото.

Далас води 3:0 и е на чекор до финале по пауза од 13 години

Во третата пресметка од финалето на Западната конференција, Далас Маверикс ја доби Минесота со 116:107 и за два дена ќе има можност да му направи чистка на незгодниот противник кој го елиминираше шампионот Денвер. 3:0 има и Бостон против Индијана.