Како ја отвори новата НБА сезона Јокиќ? Се знае, со трипл дабл

Добар старт за Јокиќ, лош за тимот на Денвер кој со убедлив пораз на домашен терен ја почна новата сезона.

Денвер Нагетс загуби од Оклахома со 87:102 на првиот натпревар од новата сезона во НБА, а статистиката вели дека губат во нивните пет последни соочувања.

Нагетси имаa лоши резултати и на подготовките на кои забележаа само една победа на пет меча.

Никола Јокиќ веднаш оствари трипл дабл од 16 поени, 12 скока и 13 асистенции кои беа залудни. 16 поени имаше и Кристиан Браун, 15 Портер, а Гордон и Мареј по 12.

Расел Вестрбук дебитираше со 6 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Клучни за победата на Тандерси беа Гилџес Александер со 28 и Холгрем со 25 поени.

Јокиќ после натпревар рече дека како тим се просечни шутери со исклучок на Портер и Мареј.

25 октомври 2024 - 09:46