Мајк Биби беше втор пик на драфтот во Ванкувер.
Кариерата ја заврши во 2012 година по 14 сезони, а денес го тренира син му во средното школо во Аризона.
Винс Картер беше избран како петти од Голден Стејт Вориорс.
Сега игра за Мемфис, а во 17-та НБА сезона беше дел од Ол стар викендот осум пати.
Роберт Трејлор, шестиот пик на драфтот, почина на 34 години од срцев удар во 2011-та по седум одиграни сезони.
Џејсон Вилијамс беше избран како седми од Сакраменто Кингс.
Се пензионираше во 2014-та.
Дирк Новицки беше деветти пик на драфтот избран од Милвоки Бакс.
Премина во Далас Маверикс каде игра веќе 17 сезони и стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
Пол Пирс беше 10-ти во Бостон Селтикс.
Играше 17 сезони, а сега е член на Вашингтон Визардс. Тој е 16-ти најдобар стрелец во историјата на НБА.
Бонзи Велс беше избран како 11-ти од Детроиот Пистонс.
Играше 10 сезони во НБА, а потоа влезе во тренерски води.
Кеон Кларк беше 13-ти пик на драфтот во Орландо Меџик.
Играше 6 години во НБА, а во 2013-та доби 8 годишна казна затвор откако беше обвинет за нелегално поседување на оружје.
Мет Харпринг беше 15-ти пик избран од Орландо Меџик.
Се пензионираше во 2009-та и сега работи како ТВ аналитичар за Јута Џез.
Рашо Нестеровиќ беше избран од Минесота како 17-ти.
Играше 11 сезони во НБА, а во 2014-та беше именуван за генерален секретар на Кошаркарската федерација на Словенија.