Руските фудбалери кои се израдуваа на топла супа зготвена од навивачите

Второлигашот Луч Енергија од Владивосток до толку е утепан финансиски, што во кујната на тренинг центарот останале на сол. Да немаа верни навивачи, веројатно ќе мораа да тренираат и да играат со празен стомак. За далечината да нe правиме муабет.

Во Владивосток уште се зборува руски, но за жителите од овој град кој гледа накај Јапонија е поблиску да стигнат до Пекинг или Сеул, отколку да патуваат до Москва која се наоѓа на преку 9.000 км западно.
 
Истото важи и за фудбалскиот клуб Луч Енергија кој кога треба да оди на гостување, личи како да се подготвува за прекуокеанско патување.
 
Но тоа не е главниот проблем на овој руски второлигаш кој се наоѓа пред банкрот. Играчите немаат земено плата од јуни и во знак на протест на последниот меч се појавија на терен со задоцнување од половина час.

Тие ремизираа со Кимки 1:1, а пред мечот објаснија дека играат само од почит спрема навивачите.

а еден од последните тренинзи додека се спремаа за следниот натпревар против Волгар Астрахан ги чекаше големо изненадување од навивачите кои во обид да им помогнат и да ги израдуваат за да заборават на проблемите, ги пречаа со ручек за цел тим, зготвен на лице место.
„Играчите немаа појма што се случува и кога видоа што направивме, останаа без зборови. Да бидам искрена никогаш не сум видела таква реакција за порција супа. Беа пресреќни што ќе јадат нешто течно и топло. Претходно пиеле чај и јаделе овошје и колачиња. Во нивниот тренинг центар нема ниту еден човек кој им готви и останати се со празен фрижидер, шпорет и малку сол. Се надеваме дека нашата иницијатива ќе го сврти вниманието кај институциите да помогнат“, вели Дариа.

Некои од играчите на тимот спијат таму, бидејќи не им се платени становите каде што престојуваат.
„Ни ги скинаа платите, па дури и храната. Не ни плаќаат и не принудуваат да даваме пари од наш џеб. Кога автобусот се расипа, моравме да одиме до тренинг базата со такси на наш трошок. За среќа кога играме на гости, тука е гостинската екипа да ни помогне со храна“, вели 29 годишниот напаѓач Амир Бажев.
Луч Енергија играше во првата руска лига од 2006-та до 2008-ма и кога на гостување им дојде Зенит, тројца навивачи тргнаа на херојско гостување од Сан Петерсбург до Владивосток. Дома се вратија точно на време за следното коло.
 
Најмногу имаат за патување кога гостуваат против Балтика.
8 ноември 2017 - 15:49