Минатото коло во руската втора фудбалска лига се сретнале Сочи и Луч Владивосток, екипи чија оддалеченост на градовите од кои доаѓаат е 10.051 километри. Кога го слушаш ова Скопје-Белград или Скопје-Софија ти доаѓа како одење во супермаркет.
Второлигашот Луч Енергија од Владивосток до толку е утепан финансиски, што во кујната на тренинг центарот останале на сол. Да немаа верни навивачи, веројатно ќе мораа да тренираат и да играат со празен стомак. За далечината да нe правиме муабет.
Патот на навивачите на Манчестер Јунајтед на гостувањето против Ростов во ЛЕ беше играчка во споредба со ова што ќе го прочитате сега. Се работи за пат колку четвртина свет, за фудбалски натпревар од домашно првенство. Внимавајте, домашно првенство.