Составите и тука се полни со славни и незаборавни имиња, затоа што се работи за 2001-ва, што значи остануваме во убавите кошаркарски времиња. Го нема Џордан, кој веќе е пензиониран, но следната 2002-ва ќе направи кам бек на Ол стар игрите. Петорките се за секоја почит и гласат вака:
Исток: Ален Ајверсон, Трејси Мегреди, Винс Картер, Грент Хил и Алонзо Морнинг.
Запад: Џејсон Кид, Коби Брајант, Крис Вебер, Тим Данкан и Шекил О`Нил
Втора година по ред Картер доби најмногу гласови, вкупно 1,717,687, а кај западната конференција тоа е Шек со 1,541,298.
Финишот е пеколно неизвесен со постојано префрлање на водството, а во последните минута и пол Коби Брајант постигнува 6 поени со три реализации од поле во три напади по ред.
Уште подрзок од него е Стефон Марбери кој му одговара со две тројки и ја пали и публиката и коментаторите од кои едниот вели дека ова е најдобриот Ол Стар.
На крај иако можеби делува подоминантна според имињата, западната конференција сепак ја губи битката и покрај тоа што имаше напад за победа во кој не реализираа прво Данкан, а потоа Вебер кој очигледно немаше среќа.
Брајант го заврши мечот со 19 поени, но МВП признанието отиде во рацете на Ален Ајверсон кој постигна 25 од кои 15 во последната четвртина.
Уживајте.